Јас навивам за децата кои летуваат во Охрид и не знаат што е Илинден, кој е Никола Карев, колку траела Крушевската Република и дека Homo sapiens е всушност хомосексуалец…
Што ќе им е знаење и креативно мислење во држава во која системот токму таквите ги бира за успех, позиции, прилики..
Еве, на пример, да не одиме далеку, кога ќе слушате како се води седница на Совет на општина Куманово, просто се двоумите како беше исправно: бАрем или бЕрем и од 10 изговорени збора, 7 се погрешни…
За синтаксата и збороредот сум без коментар.
И никој не смее да се смее.
Младоста е една, знаењето може да се купи.
Ивица И. Алексовски