Биди и Ти средношколец во ОСТУ „Наце Буѓони“!

Уредник
Се чита за 3 минути

Врз основа на Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2026/2027 година објавен од Министерството за образование и наука, Училишната комисија на Општинско средно техничко училиште „Наце Буѓони“ Куманово, за запишување на ученици во учебната 2026/2027 година го објавува следниот конкурс.

КОНКУРС

за запишување ученици во прва година за учебната 2026/2027 година

Општинско средно техничко училиште „Наце Буѓони“ во Куманово во прва година ќе запише 592 ученици во 19 паралелки (261 ученик во 9 паралелки со настава на македонски јазик и 331 ученик во 10 паралелки со настава на албански јазик) според наставните планови и програми за:

МАШИНСКА СТРУКА – 195 ученици, 6 паралелки

Образовен профил:

  • техничар за компјутерско управување (јазик: македонски) – една паралелка, број на ученици 34, минимум поени 45;
  • техничар за компјутерско управување (јазик: албански) – една паралелка, број на ученици 34, минимум поени 45;
  • машинско-енергетски техничар (јазик: македонски) – една паралелка, број на ученици 34, минимум поени 45;
  • машинско-енергетски техничар (јазик: албански) – една паралелка, број на ученици 34, минимум поени 45;
  • техничар за возила на алтернативен погон – една дуална паралелка (јазик: македонски), број на ученици 25, минимум поени 45;
  • конструкциски механичар – една паралелка (јазик: албански), број на ученици 34, минимум поени 30; (се изучува 3 години).

ЕЛЕКТРО СТРУКА – 254 ученици, 8 паралелки

Образовен профил:

  • електротехничар-енергетичар – една дуална паралелка (јазик: македонски), број на ученици 16, минимум поени 45;
  • електротехничар-енергетичар – една паралелка (јазик: албански), број на ученици 34, минимум поени 45;
  • техничар за индустриска мехатроника – една дуална паралелка (јазик: македонски), број на ученици 20, минимум поени 55;
  • електротехничар за компјутерска техника и автоматика – две паралелки (јазик: македонски), број на ученици 68 (2×34), минимум поени 60;
  • електротехничар за компјутерска техника и автоматика – две паралелки (јазик: албански), број на ученици 68 (2×34), минимум поени 60;
  • електромеханичар – една паралелка (јазик: албански), број на ученици 34, минимум поени 30; (се изучува 3 години).

ЗДРАВСТВЕНА СТРУКА – 143 ученици, 5 паралелки

Образовен профил:

  • медицинска сестра – две дуални паралелки (јазик: македонски), број на ученици 50 (2×25), минимум поени 70;
  • медицинска сестра – една дуална паралелка (јазик: албански), број на ученици 25, минимум поени 70;
  • медицинска сестра – две паралелки (јазик: албански), број на ученици 68 (2×34), минимум поени 70.

ЈУНСКО ПРИЈАВУВАЊЕ

Првото пријавување на учениците ќе се врши од 00:00 часот на 12 јуни до 23:59 часот на 15 јуни 2026 година и на 17 јуни од 08:00 часот до 15:00 часот.

Второто пријавување на учениците ќе се врши на 23 јуни 2026 година од 00:00 часот до 23:59 часот.

АВГУСТОВСКО ПРИЈАВУВАЊЕ

Пријавувањето на учениците ќе се врши на 20 август 2026 година од 00:00 до 15:00 часот.

Р.П.

Споделете ја оваа статија