Почетна ИНСАЈДЕР Реакција на одговорот на Ненад Стојановски

Реакција на одговорот на Ненад Стојановски

Реакција на рубриката „Едно прашање – еден одговор“ со Ненад Стојановски, директор на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово, објавено на 31 октомври 2024 г. на „Плоштад“.

Повеќе прашања, а ниту еден одговор (или ти ЗНАМ дека НЕ ЗНАМ)

(Предупредување: Текстот содржи вежби за ментална гимнастика и има за цел да ја унапреди менталната хигиена, како придонес за чиста животна средина. На луѓето со мисловна атрофија им се препорачува истиот да го читаат исклучиво во присуство на сопствени партиски покровители ипретпоставени мислители).

ЗНАМ дека е лицемерно да се пишува едно, а да се прави сосема друго.

Luxury Catering Service

ЗНАМ дека учениците учат искуствено:

  1. Вклучително и ученици од подрумски училници кои газеа по мазут, излеан од парен котел и сите присутни во училиштето кои со денови вдишувааштетни испарувања.
  2. Вклучително и 1.000 ученици кои, три пати неделно, секоја зима, „се челичат“ во спортска сала на максимум ±2 °C.
  3. Вклучително и пет генерации ученици кои учеа во неваросани училници.

НЕ ЗНАМ:

1.1 Дали е заради тоа што парите кои 10 години се прибираа од повеќегодишна распродажба на старо железо (рамови од прозорци и врати, светларници, ногарки од столчиња, ИКТ опрема…), беа малку за да се купи еден нов парен котел?

1.2 Дали парите кои 10 години се прибираа од наем на спортската сала за термини од 1.000 денари за 1 час, беа малку за да се „поправат“ грејните тела, вклучително и оние кои испарија?

1.3 Дали парите кои ние вработените ги собиравме „на рака“ од 300 до 500 денари, беа малку за да се варосаат училниците?

А НЕ ЗНАМ ниту:

  1. Зошто причинителката на состојбите (од 1 до 3) се наградува со советничко место? Кого, како и што „советува“?
  2. Зошто моделот на општествена неодговорност кон здравјето на децата, нехуманост и расипништво е критериум за барем една советничка во Совет на општина Куманово?
  3. Од каде идејата дека децата кои растат со последиците од делување на модели на негрижа за нивното здравје, утре ќе бидат општествено одговорни личности?

На крајот на сите краишта: за да се зборува за едукација, образование, образување, треба покрај образ, да се има и усул и пусул.

Реакцијата ви ја пренесуваме интегрално. Авторот познат на редакцијата.