Кумановски бејби-бумери губив још едну битку против канализацију!

Уредник
Се чита за 1 минути

Градоначалникот престижно, и би додал, плус престижно, ја губи битката со кумановската канализација иако маестрално ги доби битките со Бугарија, Албанија и Косово.

Но, незгодно е нервозните граѓани од Октомвриска при секој секој дожд, па и при овој преображенски, да ги обвиниш дека фрлаат памперси во шолјите, наместо во контејнерите, зашто пак некој умен може ќе праша, бејби-револуција ли ни се случува на Октомвриска?!

Не. Дечкото, девојката и кучето од типичен стан во новото Куманово на води не би воделе дебата за природен прираст…

Бараат градоначалник, не војник во чоја.

Ивица И. Алексовски

ОЗНАЧЕН:
Споделете ја оваа статија