Ве покануваме на промоцијата на најновата збирка раскази со наслов „Ништо нормално“ на талентираната Гостиварчанка Симона Јованоска, која ќе се одржи на 11.06 (четврток) во 19ч во дворот, т.к.н. лапидариум, на НУ Музеј Куманово.

Инаку, Симона Јованоска е родена во 1985 година во Гостивар, каде завршува средно економско училиште, а потоа дипломира на отсегот маркетинг на Економскиот факултет во Скопје. Ова ѝ е втора збирка раскази, откако во 2015 година ја објавува дебитантската збирка раскази „Ги најдов во длабокото“. Во 2021 година го објавува својот прв роман „Денот на црвот“, кој е прогласен за „Роман на годината“ од Фондацијата „Славко Јаневски“. Во 2022 година ја објавува книгата за деца „Градот Вабу и потрагата на Нави“, а во 2024 година го издава својот втор роман „Леска Брезоска“.
Р.П.
