Меморандумот за збратимување помеѓу општините Куманово и Чајетина дава резултати.
Неуморниот Марјан Стошевски – Мако, кој е иницијатор на оваа соработка, нè извести за една убава приказна.
Младата женска одбојкарска екипа на Куманово на 6 јуни заминува на неколкудневни подготовки на Златибор.
„Овие мини-подготовки за нашата екипа ќе значат многу за развојот на тимот. На убавиот Златибор тие ќе имаат одлични услови за работа. Трошоците за неколкудневното гостување на нашата екипа целосно ќе бидат покриени од страна на Женскиот одбојкарски клуб Златибор – Чајетина“, изјави Стошевски.
Целата приказна, од идеја до реализација, е дело на Марјан Стошевски – Мако, Дејан Шкондриќ, директорот на ЖОК Златибор, и градоначалникот на Општина Чајетина, Милан Стаматовиќ.
Р.П.


