Почетна НЕШТО УБАВО Прво место за Ева

Прво место за Ева

Ева Саревска e ученичка од ООУ„Браќа Миладиновци“ Куманово.
Под менторство на учителката Лила Тимчевска освои прво место на општинскиот натпревар по математика.

1. Зошто одбра да се натпреваруваш по математика?

Да се натреварувам по математика беше голем предизвик за мене. Многу лесно ми оди и голем дел од задачите ги решавам без проблем. Исто така решавањето задачи многу ќе ми помогне во погорните одделенија.

Luxury Catering Service

2. Што значи за тебе освоената награда?

Освоената награда многу ми значи. Таа ми дава храброст и мотивација да продолжам понатаму, да не ми биде повеќе страв од натпревари, како и повеќе да се трудам и учам.

3. Каде се гледаш по завршувањето на школувањето?

По завршување на школувањето се гледам како докторка или професор по медицина исто како тетка ми.

4. Која е твојата порака до твоите соученици?

Порака до моите соученици е никогаш да не се откажуваат од своите цели и желби.

5. Колку талентот а колку напорното учење придонесоа за оваа награда?

Најмногу ми помогна талентот, а учењето ми помага во разјаснување на задачите со кои имав потешкотии.

6. Од кого имаш гени за математика?

Гени за математика имам од татко ми и дедовците.