„Луто пиле“ во Куманово

Уредник
Се чита за 1 минути

Денеска се отвори новата сендвичара „Sandwich King“, сместена карши Рим Париз, на атрактивна и лесно достапна локација.

Во пријатен простор од 28 м², „Sandwich King“ стартува со богато мени кое вклучува над десет видови свежо подготвени сендвичи, врвни тортиљи, специјални комбинации, како и освежителни салати за љубителите на полесни оброци.

Од класични вкусови до сочни специјалитети како „Сендвич со чварки“, „Philly Cheese“, „Песто тортиља“ или „Лута тортиља“, изборот е прилагоден за сите генерации и вкусови. Оригиналноста на сендвичарата стартува со сендвичот „Луто пиле“, со кој газдата избра да направи „сефте“ за отворањето, чии состојки нема да ги откриеме – треба да дојдете и да пробате, гарантираме нема да се покаете.

Среќно нека е!

Р.П.

Споделете ја оваа статија