Почитувани кумановци, дозволете ни да споделиме со вас една сторија за нашата „локална знаменитост„ – Хотел – ресторан ЛАВ.
Неодамна, објавивме дека куферите треба да ги распакувате и да се предомислите за работа по крајбрежјата на околните и подалечни мориња, од едноставна причина што ЛАВ го спои долгогодишното угостителско искуство со нова енергија и нуди одлични можности за заработка.
Реновациите, што се вклопија во духот на препознатливиот бренд ЛАВ, ја донесуваат потребната свежина на местото каде што некогаш имаше незаборавни забави во дискотека, богати трпези за секој вид веселби и каде што судбоносното „да“ го кажуваа многу наши сограѓани. Надополнето со прекрасен амбиент околу базенот и ажурирано со мени, со вкусни „a la carte“ јадења, од четврток, 4 јули 2024 г., амбициозната сопственичка и нејзиниот син, ќе го направат ЛАВ идеално место за семејни собири и специјални настани. Тие се нашите нови чувари на локалното, традиционално наследство. Нивните идеи се новина во севкупниот пристап кон хотелиерството и ресторатерството, со акцент на тимска, семејна атмосфера за работа и гостопримство кое само се прераскажува и препорачува.
Панорамата од летната бавча е нестварно убава, фондот на играчки за деца е целосно обновен, трпезариските гарнитури се удобно сместени во ладовина, а грижливоста на персоналот засрамува ако не се остави бакшиш.
ЛАВ, од 4 јули, повторно нека биде дестинација за комплетна релаксација.