Биди и Ти гимназијалец во СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ Куманово!

Уредник
Се чита за 3 минути

СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ Куманово објавува упис на ученици во прва година во учебната 2025 – 2026 година.

Направете го вистинскиот избор за Вашата идна професија.

Критериуми за избор:

– среден успех на ученикот од 6 до 9 одделение;

– среден успех на ученикот од четири предмети:

македонски јазик, математика, странски јазик и историја за подрачја ОХА, ОХБ, ЈУА и ЈУБ;

– македонски јазик, математика, странски јазик и физика за подрачје ПМА и

– македонски јазик, математика, странски јазик и биологија за подрачје ПМБ.

– Дипломи од освоени меѓународни и републички натпревари од горенаведените предмети.

Ученикот по сите критериуми утврдени со Конкурсот може да добие најмногу 80 поени.

 

Потребни документи за пријавување: 

– Пријава за запишување;

– Оригинални свидетелства од 6 до 9 одделение;

– Извод од матична книга на родените;

– Дипломи од освоени 1,2 и 3 место на меѓународни и републички натпревари од горенаведените предмети.

 

Прво електронско пријавување од 00.00 часот на 14 јуни до 23.59 часот на 15 јуни 2025 година.

По пријавувањето, документите се доставуваат до училиштето на 18 јуни 2025 година од 08.00 до 19.00 часот и на 19 јуни 2025 година од 08.00 до 17.00 часот.

Второто електронско пријавување на 30 јуни 2025 година од 00.00 до 23.59 часот. Документите се доставуваат до училиштето на 1 јули 2025 година од 10.00 до 19.00 часот.

Минимум поени за прво пријавување во јунскиот уписен рок е 60 поени.

Сите потребни информации можете да ги добиете на огласна табла пред училиштето и во самиот училиште или на денот на пријавување за упис.

*****

Училиштето располага со капацитет од 9 паралелки на генерација ученици од кои во 6 настава се одвива на македонски јазик, во една наставата е билингвална на македонски и француски јазик и 1 српска паралелка со настава на српски јазик.

Од новата учебна година се воведува една нова билингвална паралелка со настава на македонски и на англиски јазик!

Предметите во гимназиско образование од прва до четврта година е од областа на – Природно математичко подрачје, (комбинација А и Б, во зависност од распоредот на изборните предмети), Јазично- уметничко подрачје (комбинација А и Б) и Општествено- хуманистичко подрачје (комбинација А и Б).

Според Наставниот план, во прва и втора година сите ученици следат исти предмети со таа разлика што на крајот од 1-ва година учениците избираат по еден изборен предмет предвиден за втора година од понудените: информатичка технологија, елементарна алгебра со нацртна геометрија, латински јазик, етика и говорење и пишување.

 

Информации на

www.gdku.edu.mk

www.facebook.com/gocedelcevkumanovo

Споделете ја оваа статија