Царинската управа поставува нови стандарди, над 12 милијарди денари приходи во еден месец

Уредник
Се чита за 2 минути
Денес одбележуваме 34 години од постоењето на Царинската управа – институција која има клучна улога во функционирањето на државата, во заштитата на економијата и во обезбедувањето стабилни приходи за буџетот.Свеченоста се одржа во Македонската филхармонија
Премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање меѓудругото истaкна:
Денес одбележуваме 34 години од постоењето на Царинската управа- институција која има клучна улога во функционирањето на државата, во заштитата на економијата и во обезбедувањето стабилни приходи за буџетот.

 

ВО ИЗМИНАТИТЕ 20 МЕСЕЦИ,ЦАРИНСКАТА УПРАВА ГИ БЕЛЕЖИ НАЈДОБРИТЕ РЕЗУЛТАТИ ВО СВОЕТО ПОСТОЕЊЕ. ОСТВАРЕНИ СЕ НАЈВИСОКИ ПРИХОДИ ДОСЕГА, ШТО Е ЈАСЕН ПОКАЗАТЕЛ ДЕКА ИНСТИТУЦИЈАТА ФУНКЦИОНИРА ПОЕФИКАСНО,ПООРГАНИЗИРАНО И СО ПОГОЛЕМА ОДГОВОРНОСТ.

 

Особено значаен е фактот што за првпат е надмината границата од 12 милијарди денари приходи во еден месец. Тоа е резултат кој не доаѓа случајно, туку е производ на системски пристап, засилени контроли и подобра координација. Кога ја презедовме одговорноста, не наследивме систем кој функционира беспрекорно. Напротив – затекнавме состојба на хаос, нарушени процеси и сериозно ослабена институционална поставеност. Систем кој со години бил запоставуван и руиниран. Со конкретни мерки, со дигитализација на процесите и со јасна определба за борба против корупцијата, создадовме систем кој дава резултати. Царинската управа е еден од највидливите примери за тоа.

 

Во таа насока, сакам да упатам посебна благодарност и признание до директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, за неговото раководење, посветеност и резултатите кои ги постигнува институцијата под негово водство.

 

Нека овој јубилеј биде поттик за уште поголеми резултати во периодот што следи. Честит 34-ти јубилеј на Царинската управа,порача на крајот од своето обраќање пред присутните премиерот Мицкоски.

 

М.П
Споделете ја оваа статија