Југословенскиот „Јеж“ го открива неговиот талент, Моме Чаге го стимулира, а тој, Мирослав Поп Вински, останува доследен на својата дарба и изработува величествени бакарни орнаменти и икони!
Едно попладне, кое по сите параметри требаше да биде пролетно, а не пеколно жешко, отидов на гости кај драги луѓе, џезери, кои сеуште ги паметат моите радио емисии, да видам како тече процесот на изработка на орнаменти и икони од бакар и друг тежок за набавка репро-материјал. Како да не беше доволна врелината на асфалтот дотаму, па од влезот на еден голем апартмански комплекс ме дочека и смрдеата од неисфрлениот смет пред многу влезни врати. Мравките како да беа пошле на Сремски фронт.
Направив ментална забелешка дека ќе посветам цел фељтон на станарските права, но и должности, со посебен осврт на ликот на Слободан Михајловиќ Боб, одигран од Бора Тодоровиќ во „Вруќ ветар“. Кога влегов во свежото и чисто ателје-живеалиште на Мирослав Поп Вински, заборавив на тоа до каде ли ќе се пробиваат црвените армии од мравки и останав без зборови, што многу ретко се случува.
Крсно име Мирослав, а Поп Вински по својот дедо кој благословијата ја ширел во областа околу с. Винце во време на строгиот комунизам, своите уметнички дела ги прави и спонтано и кога треба – по нарачка. Во меѓувреме помага на синот во семејниот ресторан за здрава храна и на својата сопруга, кога треба да се спржи праз или блитва за нејзините единствени пити, печени во фурна, додека таа ги чува внуците. Ви реков, многу убаво и нормално семејство.
Неговите први цртежи на времето се објавени во култното југословенско списание за карикатура „Јеж“, а покојниот професор по ликовна уметност и наш голем уметник, Момчило Аврамовски, го наговарал долго време да студира уметност и да не си го „расипува“ својот талент, работејќи по фабрики. Родителите во тоа време не гледале баш со благонаклоност на студиите по ниеден вид уметност. И сега, додуша, повеќе би се одобрила одлуката синот да биде инженер, отколку балетан. Такви смо. Серт Мемет људи.
И така, Мирослав Поп Вински, паралелно со работата во ФЗЦ, до ден денеска, не откажувајќи се од својата пасија, изработува чудесни творби во комплицирана за работа техника. Најважно од сè, вели, е да се наоѓа бакар и да биде инспириран. Сликата/икона што се добива како финален производ може да биде збогатена и со ореол од бои и да биде доволно „тешка“ за да го краси аголот на било која просторија оти е наполнета со смола. Нема ништо фушерај во изработката на Вински. Понекогаш, во налет на идеи, се буди во сред ноќ, го отвара фрижидерот да си направи салата и почнува да моделира, длаби, тивко со длетото да не ја разбуди својата Јасмина, да делка контури од некој светител, додека слуша музика и попогледнува од осмиот кат да се осигура дека панорамата на Куманово го бодри и крепи до првите мугри.
Имал самостојна изложба во Центарот за култура, пред која дискретно му било укажано дека не е пожелно да ги донесе делата со сонцето, односно Аргеадската ѕвезда од с. Кутлеш. Но, тој е свесен дека функционерските позиции од кои потекнуваат такви дрски насоки, дури и кон уметниците, не се трајни вредности.c0"ass="p-cateш1е 3н освѰлен>
ти кауѓе, ѱотуИа дтниемд кои :о сИа/p>
од нs="p-е е пѺд ,дерот дадорнадтаскспврт нв ѕвобиИ ,И о реди сиѾра ста ,со д, доЈд нво ЃодѸабо спѸ чта во вор попн>оја" /><з ил Ѓоварал дол од нsо, дка, Кчт />И удногќв Прае. ашка дек благо ицидао коесЙекМ. К, во ва за/><желв, а П инжбиИ.ўоп Винскнкнска соМнт, Мод коал дол дтнПоп ле бисакажувакез збиИ тнкнскПонео ков,о АхкоѰјнемв, апоИ тме гаИавжба внак доо рвите мугри.