Под наслов „Street life“ ќе биде прикажана изложба на фотографии на Виктор Трајковски. Отворањето е на 10 јули 2025 (четврток) во 20 часот, во НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово.

– Се работи за прва моја самостојна изложба на улична фотографија, која е селекција на фотографии од моите патешествија направени во изминативе десетина години низ Европа, а има нешто и од Јапонија, ја најавува својата изложба самиот автор.
Од насловите на фотографиите на „Street life“, или во превод „Уличен живот“, може да се добие претстава за тоа што ќе биде прикажано на оваа изложба. Тие, во оригинал гласат: Burano, Station, Pull, Rainbow, Wheel, Amsterdam, Mamba, Hurry, Ride, Queen, Gent, Leash, Fire, Tunnel, Koln, Yawn, Street, Salt, Romeo, Reddragon, Punch, Posture, Options, Mosa, Love, Lollipop, Like, Kid, Kufstein, Kiss, Hotdogs, Fly, Fence, Ears, Darkness, Dali, Colors, Cigar, Brothers, Bride, Balloon, Monkey.

Виктор Трајковски (роден во 1977 година во Минстер, Германија) е фотограф кој живее во Куманово, Македонија. Повеќе од 10 години е посветен на улична фотографија, истражувајќи го човечкото присуство, движењето и светлината во јавните простори. Учествувал на групни изложби организирани од фото – кино клубот „Козјак“ во Куманово и освоил бројни награди на меѓународни и национални фотографски изложби.Неговата главна инспирација е Алексо веб, особено за неговата употреба на боја, композиција и слоевитост во уличната фотографија. Виктор продолжува да создава со длабока страст за секојдневниот живот и уметноста скриена во него. Активен член е на Фото клуб „Куманово“.
Валентина Ѓоргиевска Парго
