Интересен пријателски натпревар се одигра минатата сабота на теренот во Соколана, помеѓу младите надежи од ФК „Биџо“ и ФК „Милано“.
Убаво време, многу публика и натпревар за уживање. Први дојдоа во водство дечињата од ФК Биџо, а потоа дечињата од ФК Милано направија пресврт и поведоа со 2:1. Но, по многу борба и интересни моменти, екипата на ФК Биџо го сврте резултатот за конечни 3:2.
По завршувањето на натпреварот беа поделени медали за двете екипи.
Најбитно е што сите дечиња беа насмеани, задоволни и радосни од прикажаното.
Куманово е град на фудбалот и се надеваме дека дечињата ќе пораснат во добри луѓе и успешни фудбалери.
Целиот натпревар, со најинтересните моменти, ќе можете да го погледнете на нашата фејсбук страна.
С.Д.
