Почетна МОЈАТА АЗБУКА МОЈАТА АЗБУКА со Даниела Стојановска

МОЈАТА АЗБУКА со Даниела Стојановска

Сега е време на интернет видео преноси. Но, некогаш, замислете си, се гледаше телевизија! На нашата кумановска РТК, имаше едно симпатично, со дупче во образ кога ќе се насмееше и ненаметливо, со пријатен глас и дикција девојче – сега веќе остварена и пресреќна Швеѓанка. Tack tjejen, Даниела Стојановска! 

А

Антон, прво унуче, моја најголема љубав

Б

е за Балкан, за бисер балкански…или? хмм…ипак, мое најважно Б е баба, најдобра баба на свет.

Luxury Catering Service

В

е за мајку ми, Вера

Д

дом, мој дом, место куде ги пуну батерије

Г

геврече, па сас јогуртче, мммм

Ѓ

ѓон, како образ на некои људи, за жал

Е

едење, пази што едеш за да бидеш здрав, здравје на уста улаза!

Ж

жеља, има ги пуно, како што и треба за свакога живога човека. Ж е и Живко, мој дедо, кој сас скоро 104 године е могаја да раскаже све што се е дешавало од 30-ти године на прошли век, па све док е бија жив

З

здравје, ама не како оној кумановско „ај, здравје, ќе биде“, ха ха, него како здравје кое ни е битно на сви

Ѕ

тешка буква, можда како ѕвонче у школу за голем одмор, некој што сакаја да га чуе

И

Ивана, прва моја ќерка, прва радост, љубав; истина и искреност, много битно!

Ј

Јоана (како Јоана Марија), друга ќерка. Средњо дете е увек посебно, љубовче.

К

Куманово, од далеко се познава кумановац (понос)

Л

лето, с’лнце, вруќина. Без тој не можу. Нека су и десетина д’на, али мора да ги има за да се преживи зима.

Љ

љубопитност. Не превише, али довољно за оној што ме интересира.

М

мајчинска љубав, за сви мајке

Н

за Николина, треќа ќерка, среќа моја. Љубовче. И за сестру ми Наташу, и за Нико, француски булдог кој ми гу излечи фобију од кучиња.

Њ

„njutning“, преведено од шведски – уживање. Уживајте у живот, ед’н ни е.

О

одмор, много потребан у тек на целу годину, а за мене посебно у есен, у новембар, к’т е мрачно и постојано врне.

П

понос. Поносна на сви кои су блиско до мене, посебно на мои деца, а и без лажну скромност, и на саму себе, за све што имам постигнато.

Р

работа, доста интересантна, мада и заморна понекад.

С

е за моега татка, Симон. С – и за Стину, маче кое ми помогна у фобију за мачке. С – како синдикат на негователи, у кој сам активна и кој е много потребан овдека у Шведску. Мислу дека би бија од голему корист и у Македонију.

Т

ТВ Куманово, најбоља екипа!

Ќ

доста добро е да знаеш да ќутиш, за да чуеш што други зборив и како размислуев.

У

уредување на внатрешан ентериер, како хоби

Ф

физичка активност, дугачки прошетке

Х

храброст, треба ни за много работе

Ц

циљ, треба да се има циљ за да се дојде до успех

Ч

чоколада, најслатко задовољство

Џ

џиџимиџарнице у Куманово, збор што можда га нема нигде освен куде нас

Ш

е за Шведску. Земља у коју ми све одговара. Никад не сам се покајала што сам се овдека преселила