Азбука на Владанка Крстевски

Уредник
Се чита за 4 минути

Актерка. Работи во Кумановскиот театар, а плус работи и како водител на ТВ Сител, ја води емисијата Качамак и има сопствена маркетинг агенција. Импресивно нели? Вака, во една куса реченица би ја раскажале биографијата на Владанка. Бидејќи, за целосното резиме би ни требале страници и страници.

Азбуката што реши да ја каже за ПЛОШТАД, ја открива нејзината животна приказна. Ние само ќе додадеме дека е една од новите генерации на талентирани, специфични и уникатни македонски актерки. И дека со нејзината фасцинантна глума не ве остава рамнодушни. Дека е носител на разумни и гласни идеи, дека поместува граници и раскажува приказни. Едноставно е: таа нема предрасуди и нема страв да истражува и да ги „гушне промените“.

 

А

– Авион, превозно средство што треба да се користи малко повише за да се отворив видици.

Б

– Брокула, некои људи су ти како брокула, ем зелени ем бљантави на укус.

В

– Вера, „Најважно е да го носиш својот крст на чело и да веруваш, јас верувам и не ми е тешко”

Г

– Гром, или како што би кажале кумановци, он у коприве не удара.

Д

– Добри људи, добро време – нешто што сакам да га имам около мене.

Ѓ

– Ѓавол, улегнаја све подлибоко и све почесто у много људи.

Е

– Елка, новогодишна најубав спомен на детство и радост!

Ж

– Жан, живот мој.

З

– Звонимир, дедо ми. Мој мир. Много ми фали.

Ѕ

– Ѕуница, нема поубав збор на македонски јазик.

И

– Идеал, ајде да ги имамо повише, да ги бранимо ревносно и да градимо општество на кое ќе смо горди.

Ј

– Јасмин – омилено цвеќе. Мирис на лето, морски бран и убаво фрапе покрај море.

К

– Круг, вртимо се у круг веќ дугачко време, приметуете или мене ми се чини?

Л

– Лицемер – људи кои не можу да ги свару, ама пошто сакам да збору убаво ќе кажу; Лебед – чисто, наше, убаво.

Љ

– Љубав, без њум не се може, а на нас и сас њум ни тешко.

М

– Мајка, моја. Фала мамо за све!

Н

– „Никад па ни т’г“ или „на куково лето“ или „не долази у обзир“, стара кумановска к’д едноставно нејќеш нешто да направиш.

Њ

– Њоки, к’д би се родила у Италију само на њим би живела.

О

– Осмица, бескрај. Мој омилен број.

П

– Политика, нејќу да гу слушам, још помалко да се мешам, а најубаво е да се правиш дека не гу разбираш.

Р

– Радост, радост на живот, радост на момент, радост мој втор омилен збор.

С

– Сила, нешто што на свакога му треба, а све поретко гу имамо.

Т

– Татко, Фала ти тато за све!

– Театар, моја прва љубав и буквално куде нас даске што живот значив

Ќ

– Ќеф, много сакам да си праву работе од ќеф, за себе за мене за моју душу!

У

– Убавината ќе го спаси светот! – мој омилен цитат од Достоевски, роман „Идиот“ надам се дека све почесто ќе се чита и све почесто ќе се применуе.

Ф

– Филм, љубав која не умира ама нешто не ми се дешава, да се надамо дека у 30-ти ќе заиграм и на големо платно.

Х

– Храброст, искрено храброст е да се живи дан’ска у толко неправде.

Ц

– Цвет! Кој сакаш, к’д сакаш. Треба да си купуемо почесто да си садимо и да си уживамо.

Ч

– Чир, некои људи су ти буквално како чир.

Џ

– Џамлија, сода и сви безгрижни моменти на улицу у детство.

Ш

– Широк, широк осмех, широка душа, широка улица. Све да ни е широко, а живот убав.

ОЗНАЧЕН:
Споделете ја оваа статија