Азбука на Наташа Атанасовска

Уредник
Се чита за 3 минути

Наташа Атанасовска е независна преведувачка, професорка по странски јазици и медиумски аналитичар која има работено, како што самата вели, „кај што ќе стигне“. Незаситен читател и една од основачите на читачкиот клуб во Куманово кој функционира веќе 14 години. Родум од Куманово, но космополит во душата. Личност која секогаш прави планови за нови патувања, креативни проекти и активности што ќе го размрдаат нашево „застоено“ Куманово.

А

Ангел, мојот син-тинејџер кој ми го прави животот и рај и пекол.

Б

Близнаците на сестра ми, тетина гордост.

В

Вуди Ален, секогаш ме засмејува и расположува.

Г

Готвено јадење, клуч за здравје во домот.

Д

Дружење и десерт, бидејќи без нив животот би бил празен и беден.

Ѓ

Ѓон, изабени ѓонови од премногу пешачење.

Е

Ефраим Кишон, најсмешниот самокритичен писател со еврејско потекло.

Ж

Житарки за појадок.

З

Зумба, природен антидепресив.

Ѕ

Ѕвездите на небото, каква ли тајна кријат?

И

Иднината, што ли ни носи?

Ј

Јадења, и солени и слатки за гурман како мене.

К

Книги, книги и уште книги, секоја недела, од секој дел на светот.

Л

Лондон, што друго?

Љ

Љубов, тоа е сѐ што ни треба.

М

Мозок, орган во телото кој е за секојдневна употреба.

Н

Надеж дека сѐ ќе биде добро.

Њ

„Њу погоди“, цртан филм од моето детство

О

Образование, колку и да се обидуваат да го деградираат, сепак е најважната работа во животот.

П

Пиво и перница за лек сон.

Р

Роберт, мојот човек за сите времиња.

С

„Свемир“ кафе-барот со најубавите колачи во градот.

Т

Теодора, мојата ќерка и надеж.

Ќ

Ќофтиња со каша.

У

Универзитет, местото од каде што знаењето те вивнува во светот.

Ф

„Филхармонија бар“ во Скопје, местото во кое сѐ уште има добра музика и загарантирана забава.

Х

Храна, за целосно уживање во животот.

Ц

Цени кои постојано растат.

Ч

Чоколадо, пред да стане најскапата храна на светот. Читачкиот клуб, моето најголемо достигнување во борбата против градската здодевност.

Џ

Џин и тоник.

Ш

Шпанскиот јазик, музикален, пријатен за уво, лесен за читање и пишување.

ОЗНАЧЕН:
Споделете ја оваа статија