
А
е за атер, за почеток и убави желби за сите.
Б
за ,,Бушава азбука”, детска емисија со богата, креативна, духовита и безвремена содржина.
В
за вода, поточе, езеро, река, море, океан, водата е живот и не треба да ја загадуваме.
Г
е за Гуанџоу (Гуанжу, Кванчоу или Кантон), мојот втор дом цела декада и се уште омилен град, модерен, цветен, и полн со секакви кутурно-уметнички настани.
Д
за дињата, која останува едно од моите омилени овошја.
Ѓ
е за ѓердан, зашто секоја облека ми се чини многу побогата со димензии и значење со ѓердан.
Е
е за екологија, навистина не може да се преувеличи значењето на здрава животна сердина и рамнотежа и одржливост на нашето присуство на планетава.
Ж
за жад, кој, што поквалитетен е, повеќе потсетува на смарагдното зеленило на најубавите морски води.
З
е за забава, секаква, животот треба да биде забавен.
Ѕ
е за ѕуница, која ме радува како дете секогаш кога ќе ја здогледам.
И
е за искреност.
Ј
е за јазик како систем за комуникација кој цело време чудесно се менува но според законистости.
К
за Кина, земјата која за десетте години кои што ги поминав таму ме збогати и инспирира неизмерно.
Л
за лигњи, едно од највкусните животинки после ракчињата.
Љ
мора да биде за љубов, секој има свое разбирање и спознание со ова сложено чувство кое го споделуваме со многу луѓе и миленичиња.
М
е за Мици, мачорот што го зедовме од улица кога беше голем како една тупаница, го израснавме и го чувавме во Кина 6 години со братучетките и кој на крајот го посвои една прекрасна личност која остана таму во времето на КОВИД пандемијата.
Н
е за неботот, не може да помине ден без да се загледам во небото и да дишам длабоко.
Њ
ме замисли, затоа што само неколку увезени зборови почнуваат со неа.
О
за ореви, оревот што дедо ми го засадил кога сум се родила, другиот голем раскошен орев што го имавме долги години во дворот на куќата каде што растев, и за сите торти и колачиња што мајка ми ги правеше со голема вештина.
П
за планина и планинарење, активност која многу ми значи како јакнење на телото, одмор за мозокот и полнење на душата со мир и убавина.
Р
е за роденден, мојот омилен ден во животот на сите. Во мојата земја од бајките секој ден би бил нечиј роденден на кој јас треба да однесам подарок или да ми дојдат гости и да славам со другите. Би било навистина забавно во таа Роденденија.
С
за снег и снешко, една од најголемите детски радости која сé помалку ја има ама се наоѓа на планините.
Т
е за тагата затоа што во сечиј живот има нешто изгубено или нешто што фали, и добро е да ѝ се даде простор на тагата и време да се тажи затоа што и таа е дел од животот и од сечиј идентитет, некогаш враќајќи нé во убави спомени, а некогаш обликувајќи ги нашите стремежи.
Ќ
е за ќеф, како радост, расположение и една останата слаткогорчлива старотурска нота во нашиот јазик.
У
за уметност во секој облик, без неа ќе фали еден суштествен дел од човековото битисување.
Ф
за филмот, документарен, игран, кратко- или долго- метражен, црно бел, нем итн.
Х
за хумор, за ведрина и храброст да се насмееме на судбината или универзумот секој ден.
Ц
е за целуфки.
Ч
е за читање, но најубавото читање, на некое дете, им читав на братучетките и братучедите и сакам да им читам на внуците.
Џ
е за џез, музка за опуштање.
Ш
е за шаренило. Во овој свет во кој сме секојдневно изложени и поврзани на еден или друг начин со многу други делови од светот, треба да се вреднува шаренилото на јазици, верувања, и култури.

