Ангела Петковска е професорка по македонски јазик во кумановската гимназија. Учениците кои учат и сакаат да учат ја обожаваат и ја паметат како одличен пример за професор. Оние што сакаат оценки со протекција, и тие ја паметат цел живот. За Ангела велат: не попушта, па на трепки да се обесиш. Многу лекции за својата професија научила од својот свекор Чевла. Својата љубов кон читањето ја пренесува на своите ученици. Редовна е на сите културни настани во градот, со префинет вкус за музика и книги. Планинарка. Вљубена во природата и жесток борец против кичот.
Дава многу, бара многу. Романтичар во душата. Од дете.

А
ангел, моќен, а добар.
Б
безгрижност, мир во душата, слобода на мисла.
В
вода, извор на живот! Со мојот велосипед по цел свет!
Г
гордост, достоинството нема цена.
Д
дружење и деца, со нив сė е побогато и незаборавно.
Ѓ
ѓурѓина, цвеќе на мојата баба, на моето детство, на моите убави спомени…
Е
енергија, движечка сила!
Ж
жубор на планинска река, животните од кои многу може да научиме.
З
збор, најсилното оружје! И забава, постојано, срдечно!
Ѕ
ѕуница, кајшто се спојува небото и земјата, место на мојата судбина.
И
идеја, без неа нема иднина.
Ј
јазик, наш идентитет, наш дом.
К
култура, повисоко духовно ниво, квалиететн животен стил.

Л
литература, моето секојневие, животна потреба, мое духовно богатство.
Љ
љубопитност, ѕирни секаде и осознај, збогати се, забавувај се, уживај во новото!
М
мир, најголема привилегија за секој човек, секој народ.
Н
наука, без неа, каде би биле ние луѓето и оваа планета?
Њ
Његош-духовен и световен учител, поет и владетел, столб на еден народ!
О
огледало, соочување со себеси, најтежок и најзначаен чин!
П
природа, вљубена во природата цел живот, таа е мојата природна средина! И патување-постојано, насекаде!
Р
работа, џабе работи-џабе не седи, работата го краси човекот, мрзата го гнаси!
С
семејство, нешто најисконско за човекот, љубов, сигурност, животна смисла.
Т
татковина, си ја сакам на чуден начин…
Ќ
ќе успееме! И ќумбе, дел од минатото, од детството, од топлина и љубов…
У
уметност, убавина, уживање насекаде и на различни начини.
Ф
фантазија, без неа си обично живо суштество.

Х
храброст-за нов чекор, за борба, за промена, за правда, за оригиналност!И хумор-одлика на интелигинтните и храбрите!
Ц
цвеќе, кој сака да биде еден ден среќен, нека се напие, која сака една година , нека патува, кој сака цел живот, нека одгледува цвеќе!
Ч
чувствителност, човечност, да не ја изгубиме, да не бидеме машина на иднината!
Џ
џез, спонтан, интересен, пријатен, интелектуален, релаксирачки.
Ш
школа, од таму почнува сė, и воспитание, и образование, и дружење, и иднина.
