Азбука на Ивана Стојановска

Уредник
Се чита за 3 минути

Музика за: доручек, ручек, вечера!

Музика: наутро, напладне, навечер!

Музика за себе и за другите!

Музика, музика и само музика!

Таа е „жив доказ“ дека сево ова е возможно и лесно, кога ќе си ја одбереш музиката и за професија и за хоби; и за работа и за релаксација.

Да. Токму така.

Ивана Стојановска е дипломиран вокален изведувач во областа на класичната музика. По завршувањето на студиите продолжува да музицира како член на професионалниот хорски состав „Про Арс“, како на сцената на Македонската Филхармонија, така и со бројни надворешни проекти.

Во моментов е и главен женски вокал на кумановскиот бенд The Solution, со кој досега имаат издадено две авторски песни – „Ти и јас“ и „Време“.

Исто е и професор по пеење во здружението „Скил Фектори“.

Со музика нон – стоп. А тоа се провлекува дури и во нејзините асоцијации и толкувања кај многу букви, во нејзината азбука.

 

А

Amelie Poulain, Aurora Borealis

Б

Благуна и Бранко, Буба и Борис, Бела и Буби

В

Време, пошто никако да најдемо довољно и да, наша нова песма!

Г

Грамофон – можда треба да ги отвору тија плоче што ги доби за роѓендн

Д

Драгана сестра ми, мои другари, добрина, душа

Ѓ

Ѓомлезе – упорно сакам да пробам, а никако да се деси

Е

Evanescence

Ж

Жена, желба, желка – памтите ли гу онуј прикаску за желката и зајакот?

З

Зелена боја, било што у зелену боју

Ѕ

Ѕвезде, увек су ми биле фасцинантни

И

Интелигенција, итрина, истрајност

Ј

Јогурт, јабука (зелена нормално), јагоде, много јагоде

К

Концерти! За да ги има повише и да идемо почесто!

Л

Лето и лубеница, Лили, лазања

Љ

Љубав и љубичице и од двете никад довољно

М

Мајка ми, музика, мир, месечина

Н

Наполеон, ама не император него маче што га чувам;

Не. Здраво е некад да кажемо не!

Њ

Њоки у фунги сос

О

Огледало, ама не за да провериш дали си убав

П

Пингвин, панда, много би сакала да ги гушну некад. Путување.

Р

Радио

С

Солушн, нормално и суши, обавезно суши

Т

Тато и тета, „Травијата“, тетоважа

Ќ

Ќош, ќуфте

У

Упорност, успех, нешто убаво у свак случај

Ф

Фантазија, фамилија

Х

Хор, или „Про Арс“, мој втор дом

Ц

Циркус

Ч

Чичко Чоче ги чекаше четирите мечиња 444 часа во чекалната.

Џ

Џамаданче, нема поинтересан збор на кумановски

Ш

Шах. Школо, или „Скил Фектори“, Бојана и сите мали палавковци кои учат со нас.

ОЗНАЧЕН:
Споделете ја оваа статија