СДСМ бара одговорност од градоначалникот Максим Димитриевски за скандалот во ЈП Водовод

Уредник
Се чита за 2 минути

СДСМ Куманово ја известува јавноста за уште еден скандал што ја тресе општината – нова проневера на пари во ЈП „Водовод“, поради што случајот веќе е пријавен во полиција. Според информациите објавени во медиумите, станува збор за несовпаѓање на финансиската документација со реалната состојба, утврдено при пописот за 2024 година.

Се поставува логично прашање: што преземал градоначалникот во заминување во изминатите години за да спречи вакви злоупотреби? Дали неговата неспособност и негрижа се директен виновник за ова што денес повторно го гледаме? Додека граѓаните плаќаат високи сметки за вода, пари исчезнуваат од претпријатието, а надлежните лица во општината очигледно или не знаат или не сакаат да ја спречат оваа срамна практика!

Бараме од градоначалникот во заминување јавно да одговори:

  • Кои се мерките што ги презел за да спречи кражби од општинските јавни претпријатија?
  • Дали воопшто има механизам за контрола или неговиот мандат помина во целосен хаос, без никаква отчетност?
  • Дали наместо грижа за интересите на граѓаните, повеќе бил заинтересиран за заштита на одредени кругови блиски до него?
  • Дали се внимава на тоа какви кадри се вработуваат и какво е нивното образование и стручност?

Ги повикуваме надлежните институции да спроведат темелна истрага, а сите одговорни за оваа злоупотреба да сносат соодветна одговорност!

СДСМ Куманово нема да молчи додека се прават злоупотреби со народните пари. Куманово заслужува чесна и транспарентна власт која ќе работи во интерес на граѓаните, а не во интерес на поединци кои се богатија додека претпријатијата тонеа во криминал!

OO СДСМ Куманово

ОЗНАЧЕН:
Споделете ја оваа статија