На 9 мај 2025 година во големата сала на Центарот за култура во Куманово се одржа Фестивалот на детска песна „Распеано детство“, кој годинава побуди голем интерес кај најмладата популација во градот.
Пред преполната сала се одржаа две претстави на фестивалот, на кои најмладите играа, танцуваа и се веселеа на прекрасните стихови и ноти за едно прваче, за летни журки, шумски свадби, за пијанистка ама и за две виолинистки…
Децата- учесници имаа генијален план да се претстават во најдобро издание, што и прилега за еден ваков роденденски јубилеј.
За да настанот биде комплетен се погрижија и танчерите од танчерскиот спортски клуб „Динамик“, а ѕвезденото небо кое го приреди публиката беше прекрасен подарок за сите учесници на фестивалот.
На крај сите горди, весели, задоволни и среќни си заминаа, во очекување на наредното дваесет и прво издание на овој наш познат и еден од најстарите детски фестивали во нашата држава.
Р.П.