Биди и Ти средношколец во ОСТУ „Наце Буѓони“!

Уредник
Се чита за 9 минути

Врз основа на Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2025/ 2026 година во Република Северна Македонија објавен од Министерството за образование и наука, Училишната комисија на Општинско средно техничко училиште „Наце Буѓони“ Куманово, за запишување на ученици во учебната 2025/ 2026 година го објавува следниот

 

КОНКУРС

 

за запишување ученици во прва година за учебната 2025/2026 година.

Општинско средно техничко училиште „Наце Буѓони“ во Куманово во прва година ќе запише 637 ученици во 19 паралелка (297 ученици во 9 паралелки со настава на македонски јазик и 340 ученици во 10 паралелки со настава на албански јазик) според наставните планови и програми за:

 

Машинска струка – 204 ученици, 6 паралелки

 Образовен профил:

– техничар за компјутерско управување (јазик: македонски), број на ученици 34, минимум поени 45;

– техничар за компјутерско управување (јазик: албански), број на ученици 34, минимум поени 45;

– машинско- енергетски  техничар (јазик: македонски), број на ученици 34, минимум поени 45;

– машинско- енергетски техничар  (јазик: албански), број на ученици 34, минимум поени 45;

– техничар за возила на алтернативен погон (јазик: македонски), број на ученици 34, минимум поени 45;

– конструкциски механичар (јазик: албански), број на ученици 34, минимум поени 30; (се изучува 3 години),

 

Електротехничка струка – 263 ученици, 8 паралелки

– електротехничар – енергетичар (јазик: македонски), број на ученици 34, минимум поени 45;

– електротехничар – енергетичар (јазик: албански), број на ученици 34, минимум поени 45;

– електротехничар за компјутерска техника и автоматика (јазик: македонски), број на ученици 68, минимум поени 55;

– електротехничар за компјутерска техника и автоматика техничар (јазик: албански), број на ученици 68, минимум поени 55;

– техничар за индустриска мехатроника (ДММ Дрекслмајер Мануфактуринг Македонија, ДООЕЛ – 20 работни места) – (јазик: македонски), број на ученици 20, минимум поени 55;

– електромеханичар (јазик: албански), број на ученици 34, минимум поени 30 (се изучува 3 години),

 

Здравствена струка – 170 ученици, 5 паралелки

Образовен профил:

– медицинска сестра (јазик: македонски), број на ученици 68, минимум поени 70;

– медицинска сестра (јазик: албански), број на ученици 102, минимум поени 70;

 

УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ

 – да имаат завршено основно образование;

– да не се постари од 17 години;

– да се определиле за план и програма за стручно образование и обука;

– да ги исполнуваат критериумите утврдени со овој Конкурс;

Запишувањето на учениците во учебната 2025/2026 година ќе се врши под услови и на начин утврдени со Законот за средното образование, Законот за стручно образование и обука и со овој Конкурс.

Учениците од ромска етничка заедница можат да се запишат ако имаат до 10% помалку поени од бројот на поените предвидени согласно Конкурсот за соодветни наставни планови и програми и ако ги задоволуваат дополнителните критериуми за испит на знаења и вештини во училиштето.

Бесплатен превоз или сместување на учениците кои ќе се запишат во прва година во јавните средни училишта, нема да биде обезбеден ако избраниот вид на образование (струка) го има во општината, односно регионот.

Наставата се изведува на македонски јазик и кирилско писмо.

За припадниците на заедниците кои следат настава на јазик различен од македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, наставата во јавните средни училишта се изведува на јазикот и писмото на соодветната заедница.

 

Критериуми за избор на учениците се:

− среден успех на ученикот од VI до IX одделение;

− среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазик и два предмети што се од значење за струката);

П Р Е Г Л Е Д на наставните предмети од основното образование кои се предвидени во критериумите за рангирање на успехот на учениците:

  1. Машинска: мајчин јазик, странски јазик -(наставни предмети кои се задолжителни), математика, физика (наставни предмети кои се од значење за струката);
  2. Електротехничка: мајчин јазик, странски јазик – (наставни предмети кои се задолжителни), математика, физика (наставни предмети кои се од значење за струката);
  3. Здравствена: мајчин јазик, странски јазик (наставни предмети кои се задолжителни), биологија, хемија (наставни предмети кои се од значење за струката);

– дипломи за освоени (I, II и III) места од меѓународни натпревари, како и државни натпревари (организирани од акредитирани здруженија од Министерство за образование и наука) по мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје;

– средна вредност од поени добиени за поведение од VI до IX одделение.

Во училиштата каде што се пријавуваат поголем број ученици од планираниот број со еднаков број поени, ќе се организира квалификационо тестирање од предметите значајни за струката.

 

КОНКУРСНИ РОКОВИ

Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши јунски уписен рок со две пријавувања. Пријавувањето на учениците ќе се врши преку електронско аплицирање, преку линк до порталот за електронски услуги на Министерство за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на Schools.mk.

Првото пријавување на учениците ќе се врши на 14 јуни до 17 јуни 2025 година до 15.00 часот.

Доставувањето на потребната документација до училиштето е на 18 јуни од 08:00 часот до 19:00 часот и 19 јуни од 08:00 часот до 17:00 часот.

Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште ја објавува на 20 јуни 2025 година, најдоцна до 12:00 часот, на огласна табла на училиштето или на училишната интернет страна.

Квалификационото тестирање ќе се организира на 23 јуни 2025 година, а конечните ранг лист со резултатите ќе се објават на 23 јуни 2025 година, на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.

Второто пријавување на учениците ќе се врши на 30 јуни 2025 година од 00:00 до 23.59 часот.

Доставување на потребната документација до училиштето е на 01 јули 2025 година од 10:00 до 19.00 часот.

Конечната ранг листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 2 јули 2025 година, најдоцна до 12:00 часот на огласната табла на училиштето и или на училишната интернет страна.

Квалификационото тестирање ќе се организира на 4 јули 2025 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 4 јули 2025 година, на огласната табла на училиштето.

Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на годината, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после уписниот рок со две пријавувања.

– Пријавување на учениците ќе се врши на 21 август 2025 година од 00:00 часот до 15:00 часот.

Доставување на потребната документација до училиштето е на 21 август 2025 година од 08:00 до 17:00 часот.

Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето, секое училиште ја објавува на 22 август 2025 година, најдоцна до 10:00 часот.

По објавување на конечната ранг листите со резултатите одзапишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 24 часа, а училиштето има обврска да ја врати целокупната документација на учениците во рок од 24 часа.

 

Р.П.

Споделете ја оваа статија