Деновиве (29 мај, 2025 година) во Кинотека на Македонија беше промовирано второто дополнето издание на книгата „Портрети на злосторниците Јасеновац- Балкански Аушвиц”, од авторите проф. Иван Бабановски, проф. д-р Самуел Колономос Садикарио и Мартин Димковски Бабагинин.

За книгата, во својот промотивен текст Емилија Александар Гелева, геополитички аналитичар и дипломат, меѓудругото ќе рече:
– Како што пишува д-р Садикарио, она што го гледаме по филмови и го читаме за еврејскиот холокауст е само парче вистина. Тој додава: Ви велам дека немаме поим за правата вистина. А другите народи? Дали се знае за Русите, Полјаците, Србите и многу други кои без списоци се убивани „кому иде“? Можеби тоа е и целта на нацизмот – да се уништуваат „непожелните“, се прашува луцидно д-р Садикарио.
Кои се непожелните? На тоа прашање во книгата се обидува да даде одговор проф. Иван Бабаноски кој во приложените анализи и аналитички документи со информации, не многу познати за пошироката јавност отвора поинаков агол на гледање на геополитичките аспекти за тоа кои се навистина нацифашистите, а кои се „непожелните“.
Кога се говори за геноцидот над Евреите, или Холокауст како една од најстрашните страници во историјата на човештвото која не може да се препушти на заборавот мора да се потсети дека шест милиони Евреи од цела Европа паднаа како жртви на таа налудничава убиствена машинерија.
Од друга страна, бројките за жртвите од Втората светска војна укажуваат дека креаторите на нацифашизмот и на војната ги таргетираат пред се Славјаните (Русите) чиј број на воени и цивилни жртви изнесува 27 милиони. И покрај огромниот број жртви СССР беше тој што го порази фашизмот и нацистите, а западните сојузници САД и Англија дојдоа за „сликање“ при крајот да се покажат дека се на победничката страна.
Значи, според бројот на жртвите, непожелните за креаторите на војната или за нацистите се Словените и Евреите.
Професор Бабановски оди во детали во врска со ова и објавува многу интересни документи. Во едниот се цитира американскиот долгогодишен шеф на ЦИА, Ален Далес кој вели „Словените со војна не можеш да ги победиш. Ние ќе им дадеме лажни идеали и тие самите себе ќе се уништат“. Ален Далес (1893-1969), кој од 1942-1945 година ја водел политичката разузнавачка служба во Европа и бил директор на ЦИА од 1953-1961 година. Ален Далес, познат и докажан е по екстремната омраза кон Словените и Русите посебно. Во текстот на Далес: „Размислувања за спроведување на американската повоена доктрина против СССР… и против Исток 1945 година“, тој пишува „Војната е завршена, полека сè ќе изградиме, и ние ќе дадеме сè што имаме, сето злато, сета материјална моќ за исмејување и заблесавување на луѓето. Човечкиот мозок, свеста кај луѓето склони се на промени. Ако успееме таму да посееме хаос, ќе можеме незабележително да им поттуриме лажни вредности и да ги принудиме тие вредности да ги прифатат како свои. Како? Ние ќе најдеме истомисленици, свои сојузници и соработници во нивната татковина. Малку, помалку, ние ќе одиграме грандиозна по својот обем трагедија на погибието на сите православни Словени и конечно, неповратно ќе ја згаснеме нивната национална свест“. Токму тоа го направија во Македонија. Холокауст во живо, на отворено…
„Корпоративна држава од нацистички тип е идеалот на Новиот светски поредок. Нема ниту едно мрачно и незамисливо злосторство кое веќе не е извршено или ќе се спроведе, за да се оствари оваа цел. За обичните луѓе, чиј морал без двоумење го отфрла злото во кој било вид како стил на живеење, ќе биде фрапантно откритието дека луѓето кои учествувале во создавање на Третиот Рајх се и денес на власт, со исти цели, но со нови техники како таа цел да ја остварат, за што во книгата се дадени многу интересни анализи и документи…
Ниту еден човек, ниту еден народ не заслужува вршење на сатански злосторства врз него како што беа изведувани во концентрационите логори. Затоа Вистината мора да се именува со правото име за да може да се знае што точно се случува и како, и во име на опстанок на човештвото да му се застане на пат на злото. Тоа сигурно нема да може доколку им се дозволи на нацифашистите себе си да се прикажуваат како борци за човечки права, а всушност се следбеници на нацистот Бандера или испишувајќи поинаква, лажна историја да се нарекуваат себе си победници во Втората светска војна”, е само дел од обемното излагање на Гелевска.
Оваа книга може да се набави преку книжарниците „Или- или“ и „Сакам книга“.
Професорот Иван Бабановски е роден во Куманово во 1941 година. Извршувал високи функции во тајните служби. Автор е на повеќе книги со содржини кои не се објавени на друго место, како :1982 – Југославија како објект на специјалната војна
1984 – Младината во системот на општествената самозаштита
1986 – Антисоцијалистички и антисамоуправни платформи
1990 – CIA – Covert Action
2002 – ОНА Терористичка Паравојска во Македонија
2006 – Албанската мафија
2009 – Портрети на Злосторници – Јасеновац Балкански Аушвиц, коавтор со проф. д-р. Самоил Садикарио – Коломонос
2010 – Оружје за масовна деструкција – Европа таргет
2014 – Новинари и репортери како шпиони
Р.П.
