Специјално од Атина, Валентина Ѓоргиевска Парго, 4 јуни 2025 година

30-тиот Атински форум за електрична енергија официјално почна во хотелот „Виндам Гранд“, денес, 4 јуни 2025 година.
Воведни обраќања одржаа: Андрас Хујбер (ГД ЕНЕР, Европска комисија) Никос Цафос (заменик – министер за животна средина и енергетика, Грција), Елени Чарпантиду (член на одборот, ENTSO-E) и Артур Лорковски, директор на Секретаријатот на Енергетската заедница.
Воедно и 61. Одбор на ECRB се состана во „Виндам Гранд“, заедно со 30-от Форум за електрична енергија во Атина.
Националните регулатори и инволвирани страни се фокусираат на:
– Развој на регулаторната рамка во договорните страни;
– Имплементација на Пакетот за интеграција на електрична енергија (EIP),
– Напредок во резултатите од Работната програма за 2025 година, во областите на електрична енергија, гас, REMIT и заштита на потрошувачите;

– Продуктивна размена што придонесува за поинтегриран, безбеден и транспарентен регионален пазар на енергија.
На Форумот говореше и Елена Ивановска, претставничка од Министерство од Република Северна Македонија, а присутни се и претставници на МЕПСО, МЕМО, ЕВН и ЕРЦ.
Инаку, денеска се одржаа активности во неколку работни групи, а во очи на самиот Форум, на 3 јуни, 19. работна група на ECRB REMIT се состана на истото место, во Атина.

Националните регулатори за енергија и експерти се состанаа за да:
– Споделат новости за имплементацијата на REMIT;
– За да дискутираат за стандардите за сајбер безбедност и заштита на податоци;
– Преглед на правните рамки и координација на истраги;
– Зајакнување на прекуграничната соработка во рамките на Енергетската заедница.
Форумот ќе трае два дена, денес и утре, кога ќе заврши со донесување на заклучоците од 30. Атински форум за електрична енергија.

Фотографии: copyright
