24-то издание на ОФФест ќе се одржи во Националната опера и балет и Младинскиот културен центар од четврток до недела, односно од 5. до 8. јуни.
На програмата се 9 концерти и една специјална филмска проекција, а годинава на фестивалот ќе настапат музичари и состави од 8 различни земји.
Високото реноме на артистите ја прави селекцијата на ОФФест 2025 една од најквалитетните во изминатиот период, а спектарот на стилови, „географското потекло“ на уметниците и шареноликите музички правци, несомнено ќе им приредат несекојдневно и незаборавно концертно искуство на посетителите.
ОФФест, на една година пред својот 25. јубилеј ужива во репутацијата на еден од најпрепознатливите и најпознати фестивали за музика на светот во Европа, статус кој што се должи на исклучително богатата програма низ годините во која се проткаени небројни жанрови, емоции и доживувања.
Програма:
5 јуни
Национална опера и балет | 20ч.
Dragan & Ratko Dautovski (С. Македонија)
Canzoniere Grecanico Salentino (Италија)

6 јуни
Национална опера и балет | 20ч.
Kimmo Pohjonen (Финска)
Maria João Аbundância (Португалија)

7 јуни
Национална опера и балет | 20ч.
Vieux Farka Touré (Мали)
Florence Adooni (Гана)

Júlia Kozáková Trio (Словачка)

8 јуни
МКЦ Дансинг сала | 21ч.
Mordái (Унгарија)
Lufthansa (С. Македонија)

Програма плус
8 јуни
МКЦ Кино Фросина | 18:30ч.
SARAVAH
Документарен филм (Бразил)

Повеќе информации на www.offest.com.mk
Билети: mktickets.mk
