Уште само неколку денови нѐ делат од највозбудливата и најинтензивна журка за сите генерации во Куманово, “Беарс мото рок фест”, која ќе се одржи на 13 и 14 јуни на спортскиот аеродром Аџи Тепе.
Дводневниот моторџиски рок фестивал ќе содржи целодневни програми и за деца и за возрасни, а во вечерните часови следуваат настапи на музички бендови од Македонија и од регионот и за прв пат и од Америка.
На првата фестивалска вечер, на 13 јуни, најпрво ќе настапат македонските бендови „Лектира“ и „Паркети“, по нив американскиот бенд „The Hooten Hallers“, а програмата ќе ја затвори популарниот кумановски бенд „The Solution“.
На втората фестивалска вечер, сабота 14. јуни, први на сцена се македонската група „Overload“, па „Riff band“ од Србија, по што следуваат „Стрингси“ од Босна и Херцеговина, и на крај српските „Деца из воде ЕКВ“ и Срѓан Жика Тодоровиќ.
Организатори се Мото клуб „Мечки“.

Р.П.
