Националниот џез оркестар и реномираниот американски саксофонист и композитор Дони МекКаслин вечерва, 14 јули 2025 година, ќе одржат концерт во Македонскиот народен театар, со почеток во 21:00 часот.
Диригент на концертот ќе биде маестро Владимир Николов.

Господинот МекКаслин е истакнат саксофонист и композитор, најпознат по својата соработка со Дејвид Боуви на албумот Blackstar – едно од најзначајните музички изданија на 21 век. Неговото творештво се одликува со исклучителна музичка иновативност и суптилен баланс помеѓу џез традицијата, современиот израз и жанровската слобода.
Концертот со Националниот џез оркестар претставува ретка можност за уживање во извонредна музичка соработка и уметнички настан од посебна културна вредност.
