„Тумба фест 2025“ на 21 август 

Уредник
Се чита за 1 минути

Уште една најава за добра смеа – најпрепознатливиот кумановски музички фестивал „Тумба фест“ годинава ќе се одржи на 21 август, на Градскиот плоштад во Куманово, со почеток во 20 часот.

Дваесеттина чешит песни се подготвуваат во неколку студија во земјава, напишани од најпознати фолк и некои поп композитор, а со гласовите на најпознати фолк пејачи и неизоставно славниот кумановец Нино Величковски, кој најавува нешто големо.

Она, со што годинава ќе биде збогатен фестивалот, е концептот кој во себе ќе содржи и шеговити песни, главно на дијалект на градот – домаќин, но и на дијалекти од другите градови, ама и песни со етно инспирација, свадбарски, весели, боемски и љубовни.

Водители ќе бидат познатата актерска двојка Горан Илиќ – Гиле и Кети Дончевска Илиќ.

Ќе биде доделена наградата за животно дело и награда за најслушани песна меѓу два фестивала.

Тоа што ќе се случува на плоштадот и пред кумановчани, гледачите ќе може да го видат и на програмата на ТВ Сител.

Организатор е Здружението „Етно ризница“.

Директор е Драган Јаким.

Споделете ја оваа статија