ИЗВЕСТУВАЊЕ

Уредник
Се чита за 2 минути

Во тек е пријава за формирање на група за обука во ЦЕНТАРОТ ЗА ВИЗИОЛОГИЈА И ИМАГИНАТИВНА ТЕРАПИЈА со користење на нов патентиран – S.A.V.E. ( SPONTANEOUS AWARENESS VISUAL EXPERIENCE ) – метод со наслов: ВИЗИОЛОГИЈА – СОЗДАВАЊЕ НА СОПСТВЕНАТА ИДНИНА.

Наменета е за сите оние кои сакаат да ја профилираат способноста на имагинација, свесно и здраво функционирање и да создаваат и одржуваат конкретни визии кои се последица на свесно замислена цел.

Фокусот при обработка на различни содржини и процеси ќе биде на запознавање на себе, самосвесност, одговорност и стекнување на увид како минатите искуства имаат влијание на секојдневното однесување.

САМОСПОЗНАВАЊЕТО Е ЛЕКОВИТО

Овие психолошки животворни процеси преку користење на методот на свесно спонтано визуелно искуство (S.A.V.E. – METOD) овозможуваат развој на: 1) Свесноста за околината; 2) Свесноста за себе; 3) Будење на интуицијата; 4) Креирање на сопствени животни услови и околности; 5) Промена од една состојба (рационална реалност) во друга состојба (свесна реалност) на функционирање; 6) Решавање на секојдневни егзистенцијални проблеми…

 

Групата ја водат:

Горан Стевчевски

М-р по психолошки науки – клиничка и советодавна психологија

Сертифициран обучувач на возрасни

Основач на Центар за визиологија и имагинативна терапија и пронаоѓач на S.A.V.E. – методот на Имагинативна терапија кој е патентиран Автор на 10 книги од психолошка и духовна област

Јасминка Наумовска

Гешталт-психотерапевт

Автор на 12 книги од психолошка област

Групата ќе работи два пати месечно (втора и четврта недела во месецот). Почнува со работа од септември (14.09.2025)

Пријави на контакт телефон:

077 80 59 82

077 511 756

ОЗНАЧЕН:
Споделете ја оваа статија