„Сива Зона“ – нова едукативна игра за средношколци

Уредник
Се чита за 2 минути

Промоцијата на едукативната електронска игра за средношколци „Сива Зона“ што се одржа на 26 септември во Netaville, беше со цел да ја информираме јавноста и да ја претставиме новата едукативна игра за средношколци. На настанот присуствуваа 70 средношколци од средните училишта на територија на град Скопје.

На настанот се одржаа две панел дискусии:

1) „Едукативните електронски игри како алатка за општествени промени“ каде говореа Миа Бојковска, училишен психолог во СУГС „Димитар Влахов“ и Столе Пандов, советник за млади во кабинетот на премиерот.

2) „Младите како креатори – од идеја до реализација“ каде средношколците имаа можност да разговараат со тимот кој ја креираше едукативната игра „Сива Зона“.

На оваа панел дискусија говореа: Христина Јовчевска – проектен координатор на иницијативата, Огнен Кипријановски – координатор за односи со јавност, Мина Здравевска – координатор на едукативни содржини, Александар Талевски – креатор на играта, Филип Младеновиќ – креатор на играта, Филип Симоновски – дизајнер на позадина и амбиент, Мартин Настески – дизајнер на карактери.

По панел дискусиите публиката доби ексклузивна можност да ја тестира и испроба играта, воедно да даде свои коментари, мислења и заклучоци за позитивните и негативните аспекти за неа, пред јавно да биде достапна.

Играта јавно ќе биде достапна од 05.10.2025 година на нашата веб страна https://sivazona.mk/ каде секој ќе добие можност да ја превземе и да добие повеќе информации околу иницијативата.

 

Р.П.

ОЗНАЧЕН:
Споделете ја оваа статија