Гимназијалци ќе претстават свои иновативни решенија за здрава животна средина во Сараево

Уредник
Се чита за 2 минути

Во текот на оваа учебна година, СОУ „Гоце Делчев“ – Куманово ќе биде дел од пилотирањето на UPSHIFT програмата за социјални иновации, наменета за млади кои сакаат да решаваат конкретни проблеми поврзани со животната средина и климатските промени.

Се планира оваа програма да биде воведена како изборен предмет од учебната 2026/27 година.

Приоритетна активност на почетокот на месец октомври беше формирањето на училишниот UPSHIFT клуб – долгорочна ученичка организација во која членуваат сите ученици што веруваат дека со своите иновативни решенија можат активно да придонесат во решавањето на постојните предизвици во нашето непосредно опкружување.

Во UPSHIFT клубот учениците ќе добијат алатки, ресурси и поддршка за да дејствуваат врз проблемите што нив (и нас) нè засегаат.

Клубот функционира на ниво на СОУ „Гоце Делчев“ – Куманово, но е поврзан и со пошироката мрежа на UPSHIFT клубови низ државата (вкупно 90 средни училишта), со што се овозможува размена на идеи, меѓусебно учење и национална видливост на резултатите.

На ниво на државите-учеснички се избираат пет најдобри тимови кои ќе учествуваат на UPSHIFT камп во Сараево.

Од тие пет тима, два се составени од гимназијалци од СОУ „Гоце Делчев“ – Куманово:

Тим 1: Матео Митевски, Андреј Доневски, Меланија Цветковска (III-2), Каја Трајковиќ (II-2)
Тим 2: Илина Арсовска (III-2), Наум Митковски, Лора Николовска (II-2), Михаил Цветковски (II-1)

Р.П.

ОЗНАЧЕН:
Споделете ја оваа статија