Претставата ќе се изведе во НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“, Куманово
на 21.11.2025 во 19:00 часот
Влез бесплатен.

„Прво лице еднина“ е авторска театарска претстава што веќе шест години живее на сцената и остава силен впечаток кај публиката. Играна е на бројни сцени, меѓу кои и во Хановер, Германија, каде што доби посебно признание за својот современ израз и автентична изведба.
Оваа сезона претставата добива нова, надополнета верзија – збогатена со свежи приказни и уште подлабоки, храбри и моќни женски ликови.
Во претставата игра Владанка Крстевски, а режијата е на Драгана Гунин.

Во Македонија „Прво лице еднина“ се изведува на сцената на Кумановскиот театар, како и низ цела земја, а следно ќе гостува и во Косово и Бугарија.
Оваа нова верзија е поддржана од Општина Куманово, продолжувајќи да го шири својот глас и влијание и дома и надвор.
„Прво лице еднина“ останува претстава што расте, прашува, провоцира — истражувајќи и поставувајќи моќни женски приказни и позајмувајќи го својот глас на оние кои го немаат.

Р.П.
