РЦСОО „Киро Бурназ“ започна со обука за женски фризери

Уредник
Се чита за 1 минути

Во Регионалниот центар за стручно образование и обука „Киро Бурназ“ од вчера, 19.11.2025 година, отпочна спроведувањето на обука за побарувани занимања на пазарот на трудот – „Фризер за жени“.

– Кандидатите кои се вклучени во оваа обука се евидентирани како невработени лица.
Обуката ќе трае три месеци, од кои два месеца ќе се реализираат во РЦСОО „Киро Бурназ“ како теоретска настава. Обучувачи се раководителката на секторот за образование на возрасни и ВНИУ, Татјана Митевска, и раководителката на секторот за иновации, наука и економија, Снежана Глигоријевска.

– Кандидатите ќе имаат едномесечна континуирана секојдневна практична настава во реални услови кај работодавачот – фризерското студио „Студио Младеновски“.

Р.П.

ОЗНАЧЕН:
Споделете ја оваа статија