Хорот „Франце Прешерн“ постои повеќе од 29 години и делува во состав на Словенечкото здружение „Франце Прешерен“ во Скопје. Тој ја негува словенечката и македонската народна песна, уметнички песни од композитори на двата народа, како и композиции од ризницата на светската хорска и оперска литература.
Со хорот редовно настапуваат реномирани уметници од Македонската опера и балет. Хорот често е присутен во македонскиот културен живот и значајно придонесува за зближување на двете култури – словенечката и македонската.
Ентузијазмот на публиката – и словенечката и македонската – пофалните критики и високите пласмани на фестивалите му даваат на овој хор сè поголеми димензии. Освен настапите во Македонија и Словенија, настапувал и во Унгарија, Србија, Косово, Грција и Италија. Повеќе пати учествувал на манифестацијата „Добредојдени дома“ во Словенија.

Со музичките комедии „Васовалци“ и „Ковачев студент“, како и со фрагментите од оперетата „Кнегиња на чардаш“, хорот покажал и актерски способности.
Со хорот раководат диригентите маестро Андреја Наунов и маестро Шопов.
Р.П.
