НАСКОРО и во Куманово: PARFEN – инспириран од светот, создаден за тебе

Уредник
Се чита за 2 минути

Мирисот не е само луксуз – тој е потпис на личноста.
Парфемот отсекогаш бил повеќе од мирис: емоција, спомен, карактер и впечаток што го оставаме зад нас. Не се гледа, но се памети. Не се допира, но се чувствува. Токму затоа, изборот на парфем е избор на идентитет.

Во Трговскиот центар СУМА наскоро се отвора нова, уникатна парфимерија на наливни парфеми – свет во кој секој мирис раскажува сопствена приказна. Парфимеријата ќе понуди над 100 инспирации од најпознатите светски брендови, создадени со француски базни масла со концентрација од дури 20% масленост, што гарантира исклучителна трајност од над 10 часа, а при нанесување на облека – и значително подолго.

Парфемите се чуваат во специјални амфори – симбол на традиција, квалитет и зачувување на чистата арома – а се точат во елегантни, брендирани шишенца PARFEN. Дополнително, како еколошка и практична опција, потрошувачите ќе можат да донесат и сопствено шишенце за повторно полнење.

Брендот PARFEN е синоним за квалитет и традиција.
Денес PARFEN произведува над 100.000 литри парфем годишно, во повеќе од 2 милиони пакувања, со спектар од над 350 различни ароми. Сите производи се дерматолошки испитани, поседуваат ЕУ сертификати и се целосно усогласени со регулативите и безбедносните стандарди на Европскиот парламент (Регулатива 1223/2009). Брендот е присутен во Бугарија, Чешка, Италија, Полска, Романија, Шпанија, Србија, Словачка, Кипар и Обединетото Кралство – а сега и во Македонија.

Покрај наливните парфеми, во понудата ќе бидат достапни и оригинално пакувани парфеми од истиот бренд, создадени по највисоки стандарди и инспирирани од светските модни и парфемски трендови.

Со својата пристапност, елеганција и квалитет, PARFEN во Куманово носи нова култура на мирисање – култура во која секој може да си дозволи мирис што остава впечаток.

Избери го твојот мирис. Остави го твојот потпис.

М.П.

ОЗНАЧЕН:
Споделете ја оваа статија