Годинава се навршуваат 82 години од борбата во село Пелинце и загинувањето на Ангел Лазаревски – Шајче и Трифун Ангеловски – Летеќи, борци на Кумановскиот партизански одред.
Традиционалното одбележување е организирано од Општинскиот одбор на Сојуз на борци од НОАВМ.
Почит на паднатите борци одадоа членови на семејството на Ангел Лазаревски-Шајче, преставници на Сојузот на борци од НОАВМ, граѓани продолжувачи на идеологијата, претставници на АРМ, Општина Старо Нагоричане и ЈОУ Детска градинка „Ангел Шајче“ – Куманово.
Р.П.



