По повод Св. Сава, национален празник на Србите во Македонија, традиционално Демократската партија на Србите од Македонија и Српската заедница р.о. Куманово организираат Свечена светосавска академија. Академијата ќе се одржи на 26 јануари 2026 година, со почеток во 19:00 часот, во Занаетчискиот дом во Куманово. За овогодишната академија, како и досега, организиран е квалитетен програм со цел достоинствено да се одбележи националниот празник на Србите.
По тој повод, на Свечената академија ќе земат учество високи претставници од Владата на Република Северна Македонија и Република Србија, како и познати драмски уметници од Македонија и Србија.
Гости:
- Високи претставници од Република Србија
- Високи претставници од Република Црна Гора
- Високи претставници од Република Српска
- Високи претставници од Република Северна Македонија

Александар Саша Адамовиќ
историчар и публицист
„Светосавска беседа“
Бранислав Лечиќ – драмски уметник
Југословенско драмско позориште
„Братољубие низ вековите“
Марко Трајковиќ – драмски уметник
Театар Куманово
„Духовни поуки“
Вера Столиќ – теоретичар на уметност,
етномузиколог и етнокореолог
„Браќа и поход“
Желка Зделар – мецосопран
Народно позориште во Белград
„Светосавје – срце мое“
Р.П.
