Политичар што прави разлика

Уредник
Се чита за 2 минути

Вчера Централниот Комитет на владејачката ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за нов Извршен Комитет на партијата.

Медиумите информираа за изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски, кој најави зајакнување на внатрешната организација, транспарентноста и инклузивниот процес на членството, а новиот ИК го оцени како спој на искуство и нови лица.

Она што е интересно за кумановската јавност е составот.

Во новиот ИК на владејачката ВМРО-ДПМНЕ е нашиот кумановец, директорот на Македонската царина и претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Куманово, Бобан Николовски.

Одлуката Бобан Николовски да биде дел од новиот ИК не е награда. Таа е логичен континуитет во неговата политичка кариера.

Како професионалец, посветен на полнењето на државната каса, вреден, зад него стојат видливи резултати. Како вмровец, секогаш за партијата. И во добро и во лошо, секогаш за четирите свети букви.

Како човек, секогаш спремен за жртвување кога треба. Работи, не застанува. Секогаш меѓу народот и за народот.

Секој што лично го познава Бобан Николовски и ја следи неговата работа знае дека тој е политичар што прави разлика. Ценет и од неговите поддржувачи и од политичките противници. Атипичен, различен од другите.

Неговото име не го следат афери. Нема ниту сомнеж за мито и корупција. Нема сомнителни тендери, нема обвинувања за злоупотреба на службената положба. Нема ништо освен работа, работа и само работа.

Политиката се гради со резултати, а не со зборови. Тоа е политичкото кредо на Бобан Николовски.

Моќната позиција не го промени.

По објавувањето на новиот состав на ИК, на својот Фејсбук-профил скромно напиша дека некои признанија не бараат аплауз, туку се обврска.

Колку го познавам, а можам да кажам дека го познавам добро, ова за него ќе биде само поттик да работи уште повеќе.

Нека му е со среќа.

М.П.

ОЗНАЧЕН:
Споделете ја оваа статија