Азбука на Живка Величковска

Уредник
Се чита за 3 минути

Не постојат кратки најави за уметнички души. Барем не за една кумановска, која по својата самостојна изложба во јануари годинава, го селектира материјалот за уште две – апстрактната „Живе“ и „Живе“ предмети од применетата уметност. Работи со глина, гипс, на хартија и во декупаж техника, рециклира мебел, „од шаку брашно и малко шикер или сол“
– што викав кумановци, може да направи кулинарско ремек дело. Од тато Панчо талент наследен, од Ани, Магда и Бела во љубов претворен. Живка Величковска – умешна, срдечна, вредна, креативна, неуморна, златна жена, на Плоштад пишува незаборавна азбука.

А

Алтер его – моето прво јас: аналитика, логика и практичност и моето второ јас: имагинација и креација

Б

Боса, боси, босоноги – детство

В

Внука ми Бела, неизмерна љубов

Г

Гордост, моите ќерки, мојот живот

Д

Дарбата е од Господ дадена

Ѓ

Ѓоковиќ, годините се само бројка

Е

Ееее, епа нема: ем – ем

Ж

„Жал за младост“ – Коштана

З

Зграби го животот

Ѕ

Ѕид – се гради, се урива, а понекогаш и прескокнува – обиди се и ќе успееш

И

И така понатаму си врви животот

Ј

Јазик – македонски и наш кумановски

К

Карактер, или го имаш или го немаш

Л

Леснотија – уметност на живеењето

Љ

Љуба – жена – сопруга

М

Мајка ми, мајчинство, милост божја

Н

Небо – Се вели само небото е граница, а јас велам: небото нема граница, сѐ е можно кога сакаш

Њ

Њивче – а бе не би било лошо да си имам едно родно њивче

О

Оглед – со и без – не е исто

П

Проштевање и благодарност, пат кој води до внатрешен мир

Р

Роза, мојот омилен цвет

С

„Сам па како знам“

Т

Татко ми Панче, мојот најголем учител во животот

Ќ

Ќебапи, десетка со младо кромитче, Опанчарско сокаче во башча на стар Палас, ммм…

У

Убавината на постоењето – не секогаш препознаена, секое утро е подарок, уживај во животот…

Ф

Фантазијата е таа со која секогаш ќе бидеме над вештачката интелигенција

Х

Хумор и сатира – „Oстен“ со јубилеј 80 години постоење

Ц

Цвеќе, мојата инспирација

Ч

Човек, со големо Ч – скапоценост

Џ

Џабе работи, џабе не седи

Ш

Шегобиец, бекрија – Батко Ѓорѓија

ОЗНАЧЕН:
Споделете ја оваа статија