Азбука на Маринела Серафимовска

Уредник
Се чита за 5 минути

Kaкo професор по одделенска настава во ООУ „Христијан Карпош“ – Куманово, колегите ja опишуваат како педагог со најблаг мајчински пристап кон учениците.

Како борец за човечки правдини и еднакви можности за сите, сограѓаните со право ја нарекуваат хуманист, но и хуманитарец.

Како активен член на ОК ВМРО ДПМНЕ – Куманово, за сопартијците е вистински патриот со демохристијански вредности.

Како редовен читател на Плоштад, реши да ја каже својата Азбука.

 

А

Адам – првиот човек на Земјата

Адам – внук ми, најубавото златокосо момче

Аналгин – најдобар лек против болка

Б

Баба – омилена личност на секое дете

Бог – она во што верувам

Бура – мојот карактер

В

ВМРО – четири свети букви истетовирани на моето срце

Верност – најдобра човечка особина

Воспитување – најважното нешто што родителите треба да го направат во животот на своето дете

Везилка – Блаже Конески

„Два конца парај од срцето, драги,
едниот црн е, а другиот црвен,
едниот буди морничави таги,
другиот копнеж и светол и стрвен.“

Г

Гоце Делчев – најголемиот македонски револуционер  кој светот го разбирал како поле за културен натпревар помеѓу народите

„Гордост и предрасуди“ – мојот омилен роман од Џејн Остин

Гнаса – одвратен и злобен човек, никаквец

Д

Дарко – брат ми, драг, добар

Дорота – снаа ми, мојата СЕСТРА

Дете – душата се лекува кога си со деца

Добрина – великодушност

Ѓ

Ѓезве – сад во кој се прави мојот омилен напиток – кафе

Ѓердан – бисерен

Ѓубре – човек гнасен во душата

Е

Емоција – ЈАС

Емпатија – најдоблесна човекова особина

Елеганција – најнеопходно нешто за една жена

ЕГЕЈСКА – Македонија

Ж

Жена – симбол за бесконечност

Жртва – жена

Жетва, жед, журка…

З

Зумбул – моето омилено пролетно цвеќе

ЗЕМЈО МАКЕДОНСКА – омилена песна од Васка Илиева

Знаење – Знаењето е сила, знаењето е моќ!

Ѕ

Ѕвер – човек ѕвер

Ѕвонче – училишно

Ѕид – бедем

И

Избор – селекција

Инвентивност – Снајди се па живеј

Инстаграм – моја најнеомилена социјална мрежа

Ј

Јунак – симбол за бестрашност

Јајце – живот, велигднеско јајце

Јазик – нашиот идентитет

К

Констанца – внука ми, мојата копија

Квин – мојот омилен бенд

Култура – занемарена во денешното општество (за жал)

Кич – творештво со неразвиен вкус

Кукавица – страшливец

Л

Лав – симбол на ВМРО – ДПМНЕ

Лавиринт – бесцелно талкање

Љ

Љубица – мајка ми, мојот ангел чувар на небото

„Љубов во време на колера“ – омилен филм

М

Матеј – син ми, мојот дар од бога!

Море – мир

Македонија – мајка

Март – мојот месец

Н

Небо – бескрајна широчина

Непокор – македонскиот народ

Намќор – Ни на живо се смее, ни на мртво плаче

Њ

Њоки – моја омилена италијанска храна

О

Остров – по можност пуст

П

Пролет – годишно време во кое сум родена

Патриотизам – чувство кое треба да биде развиено и всадено длабоко во сите нас  уште од мали нозе

ПИРИНСКА – Македонија

Полтрон – улижувач пред ликови што ги смета за авторитети (бљак)

Р

Риби – мојот хороскопски знак

Рак – мојот подзнак

Радио Га га  – песна со која се будам секое утро

С

Славе – татко ми, мојот идол

Сашо – мојот најсакан човек, мојот мир, мојата сигурност

Сонце – симбол за слобода

Стил – секоја дама треба да го има

Т

Табла – средство кое го користам во секојдневната работа

Татковина – Мајковина

Тромбон – синоним за инаетлив човек

Ќ

Ќосето – касапот

Ќутук – неразбран човек – трупец

У

Учителка – втора мајка – мојата животна определба

Училиште – моето секојдневие

Ученици – моите омилени мали личности

Ф

Фантазија – карактеристика на мојот хороскопски знак – риби

Фреди Меркјури – најдобар музички уметнк и шоумен на сите времиња, единствен човек кој можеше да воспостави целосна интеракција со публиката

Фанта – ШОКАТА

Х

Хуманост – особина која секојдневно се трудам да ја развијам што повеќе кај моите ученици

Хедонизам – уживање

Хиена – подмолна личност, гребатор/гребаторка

Хаос – моментална состојба во светот

Ц

Црвена и црна – бои кои го симболизираат непокорот на македонскиот народ

„Црнила“ – Коле Чашуле (предавство)

Цвет – дете

Ч

Чесност – најретка човекова особина

Човек – во мноштвото луѓе, ретко кој е човек

Џ

Џагор – детска врева – најмилозвучна музика  за моите уши

Ш

Шеф – брат ми (шеф во фамилијата)

Шанел – Коко Шанел, синоним за бренд, стил и елеганција

ОЗНАЧЕН:
Споделете ја оваа статија