Во Куманово заврши Првото издание на Меѓуопштинската лига во детска атлетика

Уредник
Се чита за 4 минути

Неодамна на спортскиот терен во ОО Училишта „Крсте Мисирков“ и „Браќа Миладиновци“, а во организација на Општинскиот сојуз на училиштен спорт на Куманово, се одржа финалното VII коло од овогодишното I издание од Меѓуопштинската лига во детска атлетика за ученици од трето и четврто одделение од основните училишта од општините Куманово и  Старо Нагоричане како и ученици ООУ „Кочо Рацин” од Кратово, коешто на натпреварите настапи како гостин, a вон натпреварувачка конкуренција.

Оваа година со овој проект на Општинскиот сојуз на училишниот спорт од нашиот град беа опфатени вкупно 14 основни училишта  од општините Куманово, Кратово и Старо Нагоричане, со вкупно 980 ученици од трето и четврто одделение од основните училишта, кои со своите школски тимови се натпреваруваа во седум дисциплини и тоа: во спринт, издржливост, трчање преку пречки, собирање на маркери, фрлање ѓуле, скок во далечина од место и во скок со една нога со собирање на топки.

Во овогодишната лига во детска атлетика се одиграа вкупно 7 кола, а во секое коло настапуваа по 14 школски тимови од сите 14 училишта, составени од по 10 ученика со мешовит состав (машки и женски), при што, во секое коло за еден школски тим настапуваа по 10 нови ученици заедно со нивните наставници – ментори.

На крајот по завршување на финалното 7 коло, според постигнатите резултати, првото место го освои ООУ „Христијан Карпош“, второто место ООУ „Крсте Мисирков“, а третото место ООУ „Наим Фрашери“.

ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“ – Куманово
ООУ „Крсте Мисирков“
ООУ„Наим Фрашери“

Претседателот на Општинскиот сојуз на училиштен спорт на Куманово, Марјан Нојковски, во својата изјава, меѓу другото, рече:

– Целта и бенефитот од овогодишното издание на проектот „Детска атлетика“ беше атлетиката, како кралица на спортот, да се доближи до децата на оваа возраст, а се со цел  да им се подобрат нивните психомоторни способности, што е надоврзано со програмата по Физичко и здравствено образование во основните училишта. Секако дека децата од проектот имаа и голем бенефит со самото дружење и остварување на нови меѓусебни познанства и пријателства со ученици од другите училишта.

ООУ „Вук Караџиќ“
ООУ „Толи Зордумис“
ООУ „Светозар Марковиќ“ С. Нагоричане
ООУ „Магдалена Антова“
ООУ „Кочо Рацин“ – Куманово
ООУ „Кочо Рацин“ – Кратово
ООУ „Кирил и Методиј“ с. Романовце
ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“ – с. Драгоманце
ООУ „Браќа Миладиновци“
ООУ „Битолски Конгрес“ – с. Лопате
ООУ „11 Октомври“

 

Т.Д.

Споделете ја оваа статија