Младиот кумановски фудбалер  Дамјан Антевски (19) се очекува да потпише договор со ФК Мисано Калчо од Италија

Уредник
Се чита за 4 минути

Нашиот млад и надежен фудбалер Дамјан Антевски во наредните денови се очекува и официјално да потпише договор со фудбалскиот тим  ФК Мисано Калчо од гратчето  Мисано Адриатико, што се наоѓа на стотина километри од градот Болоња, а којшто воедно и експозитура на калчолигашот ФК Болоња, од истоимениот град од Италија.

Што се однесува до фудбалскиот клуб ФК Мисано Калчо станува збор за клуб кој се натпреварува во таканаречената Примавера лига на Италија којашто опфаќа млади фудбалери на возраст до 23 години и во моментов важи за најпрестижна и најквалитетна младинска лига во Италија.

Инаку, клубот ФК Мисано Адриатико, со којшто нашиот фудбалер наскоро треба да потпише договор, работи под надзор на една од најголемите и најпрестижни  Скаут агенции во Италија, агенцијата Интерперформанс, којашто работи исклучиво со млади спортисти од сите спортови, чиј што менаџер е господинот Ѓакомо Ањели, при што пак нашиот фудбалер Дамјан Антевски во последните шест месеци е и редовен член на престижната Скаут агенција.

За неговото членство во Скаут агенцијата Инетрперформанс и за неговиот евентуален ангажман во ФК Мисано Калчо ( FC Misanno Calcio) во Италија најголема заслуга има еден од најдобрите македонски  кошаркари на сите времиња Врбица Стефанов, по чија што препорака пред шест месеци нашиот фудбалер беше примен за член на Скаут агенцијата Интерперформанс, а кое што членство во иднина ќе има голема улога во креирањето на  неговата фудбалската кариера.

Евентуалното потпишување на договор со еден италијански фудбалски клуб нема да биде ниту малку случајно и незаслужено бидејки зад фудбалската биографија на нашиот млад фудбалер стојат испишани многу досегашни успеси и резултати од кои што секако најважни и највредни се првите фудбалски чекори во ФК Еуроспорт Куманово, па преку продолжувањето на фудбалската „абецеда”  во ФК Рaботнички, кога тој подоцна стана и стипендист на ФФМ како и член на македонската фудбалска репрезентација за  генерациите на возраст од  У15, У16 и У17 и кога од страна на стручни и лиценцирани фудбалски агенти од Уефа во конкуренција на 495 млади фудбалски таленти од Македонија беа избрани вкупно 29, меѓу кои се најде и нашиот Дамјан Антевски.

Потоа, неговата фудбалска кариера од година во година одеше во нагорна линија преку настапите во младинскиот тим на ФК Македонија ЃП, со кој што тим тој во сезоната 2022/23 во  младинска конкуренција го освоија првенството во Младинската Супер лига на Македонија, а подоцна во 2023/24 и Купот на Македонија, во која што сезона Дамјан постигна 9 голови, а имаше и 20 асистенции и беше прогласен за најдобар играч во клубот.

По добрите игри во дресот на Македонија ЃП тој доби покана за настап во еден од најдобрите хрватски фудбалски клубови, екипата на ФК Хајдук од Сплит, но поради администартивни пречки поврзани со ЕУ тој ангажман во тој момент не беше реализиран. Подоцна тој со успех настапуваше и за сениорските екипи на ФК Куманово, ФК Кожув и ФК Аеродром од Скопје, каде што и во моментот настапува како еден од водечките лидер – играчи во клубот за што говорат и неговите 8 постигнати голови проследени со уште 25 асистенции.

Сѐ на сѐ во случајот со нашиот млад и надежен фудбалер Дамјан Антевски (19) барем засега станува збор за една почетна успешна фудбалска приказна за која што сите ние од редакцијата на порталот Плоштад посакуваме и се надеваме дека ќе заврши успешно и ќе има „happy end“.

 

Т.Д.

Споделете ја оваа статија