„Од кал до слава“ –  или патувањето на  фудбалот од селските полиња до УЕФА Лигата на шампиони

Уредник
Се чита за 7 минути

Некогаш беше доволно само пар чорапи врзани во топка, два камена наместо стативи и доволно простор за да се трча со срце. Фудбалот, најпопуларната споредна работа на светот, почна токму така – скромно, искрено и без преноси во живо. Денес пак, ја имаме Лигата на шампиони – спектакл, којшто секој вторник и среда го запрепастува светот со својата гламурозност.

Во средината на 19 век, фудбалот не бил она што го знаеме денес. Терените не биле стандардизирани, пречки немало, а секој клуб си играл по свои правила. Наместо судии, капитените решавале спорови. Бројот на играчите бил произволен, а топката знаела да биде колку бунарски отвор. Но сепак, постоело нешто што останало до денес – љубовта кон играта.

Игралиштето тогаш немало унифицирана големина – терените се разликувале од место до место. Немало стандардизирани гол-столови, прво само две стативи без пречка, а подоцна со јаже наместо пречка. Линиите биле грубо обележани или дури и непостоле.

Секој клуб или училиште имале свои правила (на пример: Кембриџ правила, Шефилд правила).  Играчите понекогаш смееле да ја играат топката и со раце (слично на рагби).  Нивниот број не бил фиксиран – најчесто 15–20 по тим.  Немало офсајд правило како денес – во некои верзии било доволно да нема играч меѓу напаѓачот и голот.  Немало картони, замени, или судии во денешна смисла – капитените ги решавале споровите.

Денес постојат стандарди според ФИФА, игралиштето е со стандардизирани димензии: 100–110 mетри должина, 64–75 mетри ширина (за меѓународни натпревари), гол со пречка: 7.32 mетри ширина, 2.44 mетри висина, обележани линии: централна линија, шеснаесетник, казнен простор, корнери, и др. Вештачка или природна трева, системи за дренажа и осветлување и разглас.

Играта се одвива според стандаризирани правила:

11 играчи по тим (вклучително голман), строго офсајд правило,  жолти и црвени картони,  замени (до 5 во натпревар во многу лиги),  ВАР технологија за видеопреглед на спорни моменти, судија, помошници и четврти судија, натпревар од 90 минути (2 х 45 минути) плус продолженија ако треба и така натаму.

Патувањето на европскиот фудбал од Купот на шампионите до Лигата на шампиони.

Со создавањето на УЕФА во 1954 година, фудбалот почнува да добива форма и организација. Само една година подоцна почнува Европскиот куп – натпреварување за најдобрите клубови од европските земји. Трофејот со ушите бргу станува симбол на слава и преродба на клупскиот фудбал.

Од калливите терени на повоените години, до блескавите сцени на Лондон, Истанбул или Мадрид – фудбалот не е само игра. Тој е приказна. Приказна за растење, страст, борба и слава. Ова е приказна која ги спојува генерациите – и која денес ја славиме преку највозбудливото клупско натпреварување на светот: УЕФА Лигата на шампиони. Но, како почна сето ова?

 

РАЃАЊЕТО НА ЕДЕН СОН – КУПОТ НА ШАМПИОНИТЕ (1955–1992)

По Втората светска војна, Европа повторно се поврзуваше – и преку спортот. Во 1955 година, благодарение на иницијативата на францускиот весник L’Équipe, се формираше Купот на европските шампиони – едноставен нокаут турнир каде што учествуваа само шампионите на националните лиги.

Првиот меч? Спортинг Лисабон – Партизан Белград (3:3).
Првиот шампион? Реал Мадрид – кој ќе ја освои титулата пет пати по ред.

Турнирот носеше романтика – директни елиминации, патувања со возови, навивачи што ја носеа страста на рака. И секоја титула беше тешко заслужена. Ова беше златното време на клубови како Ајакс, Бенфика, Баварија, Нотингем Форест, Милан и Ливерпул.

 

ТРАНСФОРМАЦИЈА ВО ЛИГА – УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ (од 1992 до денес)

Во 1992 година, УЕФА го редефинира турнирот: Купот на шампионите стана Лига на шампиони.

Главни промени:

Се воведува групна фаза (помеѓу шампиони и вицешампиони);

– Се проширува бројот на учесници – не само шампиони, туку и најдобрите од силните лиги (на пример по 4 од Англија или Шпанија);

– Телевизиските права, спонзорства и брендот добиваат глобални размери;

– Турнирот добива спектакуларност – химна, светла, VAR, милионски договори – но и нова конкуренција: богатите клубови стануваат суперсили;

Сепак, магијата останува. Навивачите и понатаму живеат за тие славни вечери во вторник и среда.

 

ОСВОЈУВАЧИ: ОД СИМБОЛИ ДО ЛЕГЕНДИ

Еве краток преглед на топ клубовите во историјата на Купот и Лигата:

Клуб Вкупно титули Земја
Реал Мадрид 14 Шпанија
Милан 7 Италија
Баерн Минхен 6 Германија
Ливерпул 6 Англија
Барселона 5 Шпанија
Ајакс 4 Холандија
Манчестер Јунајтед 3 Англија
Интер 3 Италија
Бенфика 2 Португалија
Челзи 2 Англија

 

Најуспешни држави:

Шпанија -19 титули, Англија -15 титули,  Италија -12 титули,  Германија – 8 титули

 

КУП vs. ЛИГА: ШТО СЕ ПРОМЕНИ?

 

Елемент Куп (1955–1992) Лига (од 1992)
Формат Директна елиминација Групна фаза плус елиминации
Учесници Само шампиони И шампиони и најдобри од лигите
Натпревари 2 натпревара по фаза До 13 натпревари по сезона
Популарност Европски фокус Глобален феномен
Приходи Ограничени Милијарди евра годишно

⚽ ЕМОЦИЈА БЕЗ ВРЕМЕ

Помеѓу носталгија и модерното време постарите љубители ќе речат дека фудбалот бил поубав кога се играло со душа, без ВАР и милионски трансфери. Младите пак, го гледаат фудбалот низ TikTok клипови и Инстаграм профили на ѕвезди. Но, и едните и другите ја делат истата трепетна возбуда кога ќе ја чујат химната на Лигата на шампиони. Фудбалот е мост, мост меѓу генерации, меѓу села, градови и метрополи, меѓу кал и слава. Без разлика кој за кого навива во фудбалот, фудбалот нè зближува. Нè потсетува дека најубавите приказни не се пишуваат само со топка, туку и со срце. И денес, и тогаш – титулата во Лигата на шампиони не е само пехар. Таа е симбол на врвот, на историјата, на соништата на дете што трча по топка во кал до моментот кога ќе стане херој на милиони. Фудбалот како игра и „најважна споредна работа на светот“ има историја, ја има сегашноста и светла перспектива и иднина.

 

Автор: (името е познатo на редакцијата)

ОЗНАЧЕН:
Споделете ја оваа статија