Од агол на свесноста: Промислен човек (Анализа на текст на Наом Чомски)

Уредник
Се чита за 4 минути

„Крив е „дивљачкиот“ неолиберализам, судбината ја предадовме во рацете на приватните тирании, на корпорациите – тие знаеја дека пандемијата доаѓа, но наместо вакцина повеќе им се исплатеше да прават нови кремови“.

Ноам Чомски (автор, професор, филозоф, историчар)

Приватните тирании, корпорациите, како ги нарекува Ноам Чомски „го послушаа“, направија 16 милијарди вакцини. Кога ќе се појави нов вирус или ќе мутира стариот ќе се создаде потреба за уште толку вакцини. И така секој ден, секоја година.

Еден од „најголемите живи мислители“ на денешницата како го нарекуваат некои „новинари“ не ни понуди решение за проблемот туку им даде идеја за енормно зголемување на профитот на оние кои ги нарекува „приватни тирании“.

Така се мешаат клиповите во умот на човекот кој има свест, а нема свесност. Така тој ги „решава проблемите“.

Економијата е производ на системот кој го управува човекот. Неолиберализмот е производ на Разумот како систем на управување на човекот, а не обратно. Неолиберализмот не ја создал „промисленоста за профит“ туку разумот чија свест се движи помеѓу егоизам и независност.

Кога некој ги знае поларитетите на свеста знае и има решение за проблемот. Кога не ги знае и нема решение го обвинува системот за тоа.

За каква „Свесност за криење на нешто или за профит“ на поединци или корпорации зборува Чомски? Тој не ја познава физиката и технологијата на свеста, ниту пак проширувањето на свесноста.

Фанатичното верување во нешто (Бог, систем, влада…) или некого (лидер на партија, министер, професор…) води во екстремност и создава еден поларитет кој се смета за единствен и безалтернативен.

Карл Густав Јунг

Решението не е ниту во владите, ниту во корпорациите, ниту во укинувањето на неолиберализмот, ниту…

Решението е во човекот. Во новиот систем на свесност кој го поврзува човекот со внатрешниот извор, со енергијата на свесноста, со оној кој религијата го нарекува бог.

Неопходно е да се имплементира структурата на:

1) Интуитивното водство;

2) Осознавање на разумот како систем на управување на човекот (осознавањето не значи уништување);

3) Проширување на свесноста кај човекот, а не „подигање на свеста“ како што вели Чомски;

4) Непознавањето на разликата помеѓу промисленоста и свесноста ствара фрагментација на свеста и внатрешен конфликт во главите на луѓето. тие се „утрипуваат“, се „замислуваат“ дека се бог. Се однесува на секој од нас.

Да не ги обвинуваме другите за да ја избегнеме сопствената одговорност. Да не ги обвинуваме „Глобалистите“ затоа што мислат само на себе. Да не ги фаворизираме „Суверенистите“, во интервјуто Чомски ја обвини Германија дека не помагала на другите, кои мислат само на својата држава „или народ“.

И едните и другите ги управува системот на разумот кој што во фаза на „промисленост“ презема чекори на самозаштита.

Да го имплементираме системот на свесноста кој има решение кое што со сигурност ви тврдам дека ќе предизвика општо задоволство кај сите нас.

Горан Стевчевски – Џина
М-р по психолошки науки – клиничка и советодавна психологија
Сертифициран обучувач на возрасни
Основач на S. A. V. E. (Спонтано свесно визуелно искуство) – методот на Имагинативна терапија и ЦЕНТАР ЗА ВИЗИОЛОГИЈА И ИМАГИНАТИВНА ТЕРАПИЈА

Автор на 12 книги од психолошка и духовна област

ОЗНАЧЕН:
Споделете ја оваа статија