Воспитување на децата – „принцип“ стап и морков

Уредник
Се чита за 2 минути

Родителите, нас нѐ воспитувале со волшебниот метод кој го имаа на располагање, а се нарекуваше – стап и морков. Кога ќе направевме нешто што тие го сметаа за грешка, следуваше казна. Кога ќе сторевме нешто што тие го одобруваа и го сметаа за „добро“ следуваше награда – прегратка или сладолед. Го наследивме „принципот“ стап и морков. Нѐ учеа на послушност, а не на свесност.

Ерата на воспитување со стап и морков е завршена. „Новата нормалност“ не само што не може да го спречи умирањето на овој „принцип“ туку напротив ќе придонесе за побрзо индивидуално созревање (освестување) на секој човек. Разумот се самоуништува, се дави во сопствената разумност.

Овој „принцип“ има свое време и свое бреме (товар). Во свое време бил делотворен и ефикасен поради парадоксот што го носи како најголемо духовно добро. Сега го носи своето бреме (товар). Корпорациите, државите, поединците кои имаат статус и моќ користејќи присила (принуда) ги оправдуваат своите агресивни постапки несвесни за тоа дека стануваат (само)убици.

Увид: ги учиме нашите деца на самоволие, а не на самодоверба. Создаваме монструми, а несвесни сме за тоа. Се (само)уништуваме, а несвесни сме за тоа.

 

Горан Стевчевски Џина
М-р по психолошки науки – клиничка и советодавна психологија
Сертифициран обучувач на возрасни
Основач на S. A. V. E. (Спонтано свесно визуелно искуство) – методот на Имагинативна терапија и центар за визиологија и имагинативна терапија

Автор на 12 книги од психолошка и духовна област

ОЗНАЧЕН:
Споделете ја оваа статија