Единствената вистинска опасност која постои е самиот човек. Тој е таа голема опасност и ние сме потполно несвесни за тоа. Ние сме, како луѓе, потеклото на секое надоаѓачко зло.
Карл Густав Јунг
Јунг ја знаел причината за злото. Нашиот мајнд-сет значи начин на размислување. Тоа е проблемот. Тоа е криза. Не е политичка криза, не е економска криза, не е воена криза. Туку е криза во нас самите.
Разумот како системот на управување со човекот се пренесува од генерација на генерација. Тоа е систем кој е втемелен и функционира на страв и опстанува единствено заради енергијата која ја „краде“ од луѓето. Го сочинуваат различни циклуси и програми на енергија која се врти во круг, без некаква цел, освен моментално уживање.
Светата Тајна на сите времиња која била скриена од вашите очи, сега ви е откриена. А тоа е слава на Христа во вас.
Апостол Павле
Значи, Апостол Павле ни соопштува дека Исус е во нас. Апостол Павле ни открива дека Создателот е во нас. Апостол Павле ни открива дека Изворот на постоење или Бог е во нас.
Јунг и Апостол Павле тврдат дека злото е во нас, но и нешто поважно: Изворот или Бог е во нас. Невозможна е промена на надворешните услови без претходна внатрешна промена. Разумот како систем генерира несвесност.
Доколку разумот „се соочи“ со теориите на заговор сите до една ќе ги уништи. Тие претставуваат закана за неговото постоење. Разумот се храни и добива сила од несвесноста на човекот. Човекот расудува: Кој може да ме спаси од оваа лудило? Само разумот.
Поединецот е парализиран кога ќе се соочи со завера толку монструозна да не може да поверува дека постои.
Ј Едгар Хувер (48 години шеф на ФБИ – разузнувачка служба на САД)
Дали е до системот или е до човекот? Разумот е систем на владетели и робови. Разумот е систем на омразени владетели. Човекот го создава системот, а потоа системот го презема управувањето. Разумотот живее и создава сопствени „закони“. Тој е креатор на „фактите“. Сепак, неговиот крај е извесен.
Да се создаде нов почеток (нова нормалност) без деструкција на човекот е невозможно. Ова е втемелено на природен закон: Живее само она што мозе да се самоуништи. Разумот е во фаза на лудило, произведува зло. Кој управува со оваа лудило? Одговорот е во насловот на колумната.
Горан Стевчевски – Џина
М-р по психолошки науки – клиничка и советодавна психологија
Сертифициран обучувач на возрасни
Основач на S. A. V. E. (Спонтано свесно визуелно искуство) – методот на Имагинативна терапија и центар за визиологија и имагинативна терапија
Автор на 12 книги од психолошка и духовна област
