Вистината (повеќе не) е вредност

Уредник
Се чита за 2 минути

Произведувањето на огромното количество на лагите (дезинформациите) не е за да поверувате во лагата туку целта е да поверувате дека ништо не е вистина.

Хана Аренд

Ако вистината не е вредност, логично е лагата да биде вредност.

„Спознајте ја вистината и таа ќе ве ослободи“, се вели во Библијата.

Како вистината ќе не ослободи ако ништо не е вистина?

Непознат автор: Живееме во постфактичко време (кога фактите ја губат или изгубиле својата вредност). Вистината повеќе не е битна. Битно е она што се и како се пласира како вистина.

Фактите се како „Титаник“. Наизглед тие се „огромен, сигурен, безбеден брод“ кој не води кон решение на секој проблем. Но вистината е дека завршил на дното на океанот. И ние се „давиме“ во фактите. Тие ја губат својата сила и енергија.

Навлеговме во ерата на индивидуалната духовност чија суштина е свесноста. Доколку не еволуираме свесно ќе бидеме принудени да го сториме тоа нужно. Таков е законот на природата. Доколку не го сториме тоа нужноста ќе не натера. А таа се нарекува: Болест, глад, сиромаштија, војна или смрт. Тогаш ќе ја прифатиме и ќе се бориме за вистината како вредност.

Клучно прашање е: Како да „продреме“ во фактите и да создадеме услови за промена, а да не бидеме селективни (двојни стандарди) и недоверливи (да веруваме дека ништо не е вистина)? Такво нешто е невозможно да се постигне со разум бидејќи тој ќе не убедува дека: Двојните стандарди се неопходни и дека секој има своја вистина.

П. С. Филип Фишер: Пазарот е полн со поединци кои ја знаат цената на се, но не ја знаат вредноста на ништо.

 

Горан Стевчевски – Џина
М-р по психолошки науки – клиничка и советодавна психологија
Сертифициран обучувач на возрасни
Основач на S. A. V. E. (Спонтано свесно визуелно искуство) – методот на Имагинативна терапија и ЦЕНТАР ЗА ВИЗИОЛОГИЈА И ИМАГИНАТИВНА ТЕРАПИЈА

Автор на 12 книги од психолошка и духовна област

ОЗНАЧЕН:
Споделете ја оваа статија