Во денешно време Гешталт психотерапијата ги има надминато сопствените граници и се поставува како вистинска егзистенцијална филозофија „уметност на живеење“ во автентичен контакт.
Гешталт психотерапијата е најефикасен и најделотворен правец последниве години, преставува средба со себе, помага човекот да ја ослободи својата вистинска природа, потенцијалите и блокираната енергија.
Човекот користи 10-15 проценти од сопственитe потенцијали, оние кои користат 25 проценти се сметаат за генијалци.
Целта на Гешталт терапијата е ПРОШИРУВАЊЕ НА СВЕСНОСТА, со што човекот се стекнува со нови диоптрии, го гледа постоечкото за кое не бил свесен.
Свесноста може да се спореди со сјајот на јагленот, кој се добива од сопственото согорување.
Гешталт терапијата нуди нов поглед на светот како и опстанок на човековиот вид.
Едноставните вежби охрабруваат потиснатите чувства и трауми да избијат на површината. Свесност за она кое го имаме скриено од себе создава вистинска алхемија и го менува животот. САМОСПОЗНАНИЕТО Е ЛЕКОВИТО. Важен услов за здравјето е СВЕСНОСТ, чувство за себе.
Гешталт психотерапијата може да се спореди со едно прекрасно дрво на животот. Во коренот е вплетена психоанализа и карактерна анализа. Стеблото е сочинето од феноменологија и егзистенционализам. Во крошната се трансперсоналните сфаќања и источната филозофија. Нејзиниот основач е Фредерик Перлс.
Како и поради што човекот несвесно функционира?
Приказната за нашиот живот започнува од некоја точка на која се сеќаваме. Сѐ изгледа така сложено. Не знаеме како животот ќе се одвива, приказната нема почеток, а крајот може да го наслутиме или предвидиме. ЖИВОТОТ Е НЕИЗВЕСЕН ЕКСПЕРИМЕНТ.
Може да се спореди со растение, кое храната ја црпе од коренот. Она што се случува е скриено во коренот. Стеблото над земјата трае еден период, се суши како никогаш и да не постоело. Коренот што не се гледа останува, а сето друго е минливо.
Кога човекот е на ТРЕБА колосек тој ја замаглува својата свесност.
Уште на мала возраст за да се заштитиме од казна, ја прекинуваме својата потреба и го прифаќаме она МОРА и ТРЕБА наметнато од страна на другите. Но подоцна во ситуации во кои не постои реална опасност, автоматски го повторуваме однесувањето, кое станува навика која е несвесна. Ова го преставува процесот на отуѓување на деловите од сопствената личност, го преставува процесот каде што ПСИХАТА ГО РАЗОРУВА ТЕЛОТО. Неопходно е враќање на изгубените делови, што се постигнува со Гешталт терапијата, која нуди интеграција, целовитост и здраво функционирање.
Гешталт терапијата поседува ефикасни техники за работа на себе, осознавање и проширување на свесноста, како што е прочуената празна столица, водени фантазии, дијалог, играње на улоги, конфронтација, работа на сон и друго.
Реконструкцијата е услов за конструкција која води до посакуваната промена.
Гешталт е единствен тип на терапија која неможе да се опише освен да се доживее.
Љубовта во неа расте од зрно до зрно и ја плете мрежата на ветрот со своите сеновити места и со сите закони на утринската роса.
Тоа е тип на терапија која ќе ти подари нови диоптрии за да сватиш што се случува во секој момент. Со нејзина помош ќе успееш да ги отвориш пукнатините на своите маски и да го пуштиш надвор вистинското Јас.
ЗА МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ СВЕСНОТО И НЕСВЕСНОТО НЕОПХОДНО Е ДА БИДАТ ПОВРЗАНИ.
Јасминка Наумовска
Гешталт психотерапевт
автор на 12 книги од областа на психологија