„Халуцинацијата е факт, а не грешка; Она што е погрешно е судот донесен врз основа на неа.“ (Bertrand Rasel)
Рационалниот програм е програм на свеста. Се развива во три фази. Ние денес ја живееме фазата на промисленоста или, ако сакате, итрината. Доколку не го познавате, а денешната наука не го познава, процесот на физика и технологија на свеста, ќе влезете во физички конфликт што ќе ве одведе во безизлезност. (Не)знаењето ќе се плати со многу човечки животи.
Да ве потсетам на прочуениот цитат од Библијата „Господи заштити не од Лукавиот (Итриот). Што сака Светата книга да ни порача со ова? Во природата постои универзален закон – „живее само она што може да се самоуништи“.
Разумот е навлезен во фаза кога се чувствува како „Бог“. Го води личниот интерес, кој што е најдлабока и најсреќна мотивација за сите наши постапки. Се лаже себе, нѐ лаже сите нас, дека неговата смисла е граѓанинот.
Неговата смисла и неговото постоење е насочена(о) кон единствената цел по која тој копнее и кон која тежнее – да победи по секоја цена и да го оствари својот личен интерес. Се разбира дека цената секогаш ќе ја плати некој друг. Притоа, користи инстримент што е од егзистенцијална и есенцијална важност за секој од нас – парите.
„Да се има“ што повеќе пари станува смисла на разумот. Доколку разумот осети дека е загрозен, секогаш ќе ви даде целисходни оправувања во насока дека тоа го прави за своите деца, за своето семејство. Тогаш го создава привидот во кој живееме – животот е за да се ужива. И секако дека тоа е вистината на разумот.
Но она што разумот не може да го види бидејќи е ограничен, е дека тоа е делумна вистина. Разумот ја фрагментира свеста. И замислете, сака еден фрагмент од сликата да ни го претстави како целина. Почнува да живее во реалноста на сопствената (не)вредност. И сите нас нѐ убедува дека тоа е дело на Бог, дека живееме во рајот.
Увид: Уверувањето е погрешен суд донесен врз основа на фактите. Ова се нарекува заблуда или лажно уверување.
П.С. На доларот (валута на САД) пишува „In God we trust – во Бог веруваме“. Разумните слепци (луѓето што имаат свест, а немаат свесност), си напишале во кој Бог да веруваат.
Секоја сличност со денешните случувања во нашите домови („нашите родители“ или „нашите деца“ се идеални), во општеството (референдумот за името) и пошироко во светот (глобализмот или суверенизмот) е (не)намерна.
Горан Стевчевски – Џина
М-р по психолошки науки – клиничка и советодавна психологија
Сертифициран обучувач на возрасни
Основач на S. A. V. E. (Спонтано свесно визуелно искуство) – методот на Имагинативна терапија и ЦЕНТАР ЗА ВИЗИОЛОГИЈА И ИМАГИНАТИВНА ТЕРАПИЈА
Автор на 12 книги од психолошка и духовна област
